Ова се навиките на луѓето кои живеат без долгови

Во време кога повеќето луѓе живеат со по неколку кредити и минуси на сметките, не е лошо да се потсетиме на навиките на луѓето кои живеат без никакви долгови.Обрнуваат внимание на деталитеДоолку редовно не го прегледувате прометот на банкарските и кредитните картички, можно е лесно да пропуштите некој трошок – на пример чланарина за теретана во која сте престанале да одите. Луѓето без долгови редовно ја проверуваат својата финансиска состојба, и така е помалку веројатно дека парите ќе им „течат“ на маста за кои не знаат.Знаат што праватЛуѓето без долгови можеби имаат сметководител, но никогаш не ги праќаат финансиските и даночните пријави а претходно да не ги погледнат лично. Можеби во почетоот ќе биде напорно, но чувството на сигурност кое ќе го добиете кога ќе сфатите како функцонира финансискиот состав и како можете тоа да го искористите ќе ви го наокнади тоа.Се прават дека заработуваат помалкуДури и доколку сте длабоко во долг, можете да си помогнете со промена на начинот на кој ги гледате парите кои ги заработувате. Доколку замислите дека, на пример, заработувате само половина од она што навистина го заработувате и го планирате својот месечен буџет во согласност со тоа, можете да заштедите многу. Луѓето кои живеат без долгови трошат помалку отколку што заработуваат, што им овозможува редовно да заштедат нешто пари на страна, што им пружа дополителна сигурност.

Размислуваат долгорочноКога животниот фокус не ви е на исполнување на моментлните желби и потреби, можно е да донесете попаметни одлуки. Секако дека е прекрасно да ги имате тие нови, скапи чевли, но како тие ќе ви помогнат во долгорочните финансиски планови. Тоа не значи дека треба да жвеете како просјак, но значи дека морате да ги заштедоте парите кои мислите да ги потрошите. Ако ништо друго, таквото размислување барем ќе ви овозможи на момент да застанете   и да размислите пред да купите нешто што баш и не ви е толку неопходно во моментот.
Не се плашат да прашаатНе е срамота да побарате помош. Замолете за пониска камата или за одолжување доколку доцните со исплата на некоја рата. Луѓето кои живеат без долгови превземаат котрола над своите финансии и не се многу кротки при тоа. Доколку познавате некого кој остварил некоја голема финансиска цел (заштедил пари за автомобил, куќа или пензија), не плашете се да прашате како успеале.Обрнуваат внимание на деталитеДоолку редовно не го прегледувате прометот на банкарските и кредитните картички, можно е лесно

Пронајдете не на следниве мрежи: