Ова се навиките на среќните луѓе!

На светот постојат два вида луѓе: оние кои бираат да бидат среќни и оние кои одлучиле да бидат несреќни. Спротивно на убедувањето на многумина, среќата не доаѓа од славата, богатството и од другите луѓе, туку одвнатре.И најбогатата личност на светот може да биде несреќна, но и бездомникот може да биде насмеан и задоволен со својот живот. Среќните луѓе сами ја преземаат среќата во свои раце. Имаат позитивен поглед на животот и внатрешен мир. Како го постигнуваат тоа? Прилично едноставно – со добри навики кои ги подобруваат нивните животи. Нивните навики се различни.
Прашајте една среќна личност што прави, и ќе ги добиете следните совети:
-Не се „злопамтила“ и знаат да простат: Среќните луѓе знаат да простат и да заборават, наместо да дозволат негативните чувства да преовладаат над позитините. Опседнатоста со негативни работи може штетно да влијае на нашето здравје: доведува до депресија и стрес. Зошто да дозволите личноста која ве повредила да има моќ над вас? Ако се чувствувате лошо заради навредите што ви ги нанеле другите, значи и дека имате чиста совест и доволно енергија да уживате во добрите работи во животот.
-Љубезни се кон другите: Дали сте знаеле дека е научно докажано дека љубезноста со другите луѓе, не прави посреќни? Секој пат кога правите нешто несебично, вашиот мозок лачи серотонин, хормон кој ја намалува напнатоста и го подига духот. Но, не само тоа. Ако се однесувате кон другите со љубов и почит кон нивното достоинство, ќе изградите посилни односи со нив.
-На проблемите гледаат како на предизвици: Зборот „проблем“ никогаш не е дел од речникот на една среќна личност. Проблемот се доживува како нешто што не враќа неколку чекори назад, како борба или неизвесна ситуација, додека пак, предизвикот е нешто позитивно: прилика, задача или осмелување за нешто. Обидете се препреките на кои наидувате да ги сметате како предизвик.
-Благодарни се за она што го имаат: Познатата изрека гласи: „Најсреќните луѓе го немаат најдоброто, туку го извлекуваат најдоброто од она што го имаат“. Вашето чувство на задоволство ќе биде многу подлабоко ако секогаш сте свесни за работите за кои сте благодарни што ги имате, наместо да љубоморите на она што го немате.
-Сонуваат: Луѓето што имаат големи сништа, своите цели ќе ги остварат пред оние кои ги немаат. Ако се осмелите да сонувате, ќе бидете и подобро расположени.

-Не се оптоваруваат со ситници: Среќните луѓе се прашуваат себеси: „Дали овој проблем ќе ми биде важен година дена подоцна?“. Тие знаат дека животот е прекраток за да го потрошат на прилично неважни животни ситуации. Ако не дозволите таквите ситуации да ве оптоваруваат, ќе бидете поопуштени, и ќе можете да уживате во работите што се навистина важни во животот.
-Зборуваат добро за другите: Човекот се чувствува подобро кога е љубезен, отколку кога е злобен. Колку е да е забавно озборувањето, по него секогаш ќе се чувствувате виновни и полни со каење. Истакнувањето на убавите работи кај другите, ќе ве охрабри да размислувате позитивно и да не осудувате.
-Никогаш не се правдаат: Бенџамин Френклин еднаш кажа: „Оној кој е добар во барањето изговори, ретко е добар во нешто друго“. Среќните луѓе не се правдаат и не ги обвинуваат другите за своите грешки. Наместо тоа, ги признаваат и активно настојуваат да ги променат на подобро.
-Живеат во сегашноста: Среќните луѓе не тагуваат за минатото и не се загрижени за иднината. Тие уживаат во сегашноста, и се целосно посветени на она што го прават во моментот. Затоа, при прошетката запрете и помирисајте ги цвеќињата.
-Секое утро стануваат во исто време: Дали сте забележале дека многу успешни луѓе се „ранобудници“? Станувањето во исто време секој ден го стабилизира биолошкиот ритам, ја зголемува продуктивноста и ве прави помирни и сконцентрирани.
-Не се споредуваат со другите луѓе: Секој има свое темпо, и затоа нема смисла да се споредувате со другите. Ако мислите дека сте подобри од некој, ќе имате нездраво чувство на супериорност. А ако пак, мислите дека некој е подобар од вас, ќе се чувствувате лошо. Ќе бидете посреќни ако на својот напредок се радувате, а туѓиот го фалите.
-Ги бираат пријателите мудро: „Тагата си бара друштво“.. Затоа важно е да се опкружите со оптимисти, кои ќе ве поттикнуваат да ги остварите своите цели. Колку повеќе позитивни луѓе имате околу себе, толку подобро ќе се чувствувате.
-Не бараат одобрување: Среќните луѓе не се грижат за туѓото мислење. Го следат срцето и не дозволуваат другите да ги обесхрабруваат. Знаат дека е невозможно да се задоволат сите. Слушнете што имаат другите да ви кажат, но не барајте одобрување.

-Внимателно слушаат: Помалку зборувајте – повеќе слушајте. Слушањето ве прави отворени за мудростите и овозможува да ги послушате различните мислења. Колку поинтензивно слушате, толку потивок е вашиот ум, и сте задоволни.
-Ги негуваат односите со пријателите: Осамената личност е тажна лиќност. Среќните луѓе се свесни колку е важно да се развијат здрави односи. Секогаш имајте време за своето семејство, пријателите и саканата личност.
-Медитираат: Медитацијата го избиструва умот и помага да се најде внатрешниот мир. За да успеете во тоа, не мора да бидете мајстор по медитација. Среќните луѓе знаат да го избистрат умот секогаш и секаде, а особено кога се вознемирени и треба да се смират.
-Се хранат здраво: Брзата храна не прави да се чувствуваме мрзеливо, а во таква состојба е тешко да се биде среќен. Се што јадете, директно влијае на способноста на вашето тело да ги лачи хормоните што ги одредуваат расположението, енергијата и концентрацијата. Внимавајте храната што ја јадете да биде храна што ќе ги одржува и телото, но и умот во добра форма.
-Вежбаат: Истражувањата покажале дека вежбите за тело го подигаат нивото на хормонот за среќа. Па така, тие ја поттикнуваат и самодовербата и по нив ќе се чувствувате корисно.
-Живеат едноставно: Среќните луѓе немаат премногу предмети во својот дом бидејќи знаат дека тие може непотребно да ги оптоварат и да ги направат нервозни. Некои истражувања покажале дека Европјаните се многу посреќни од Американците. Тоа е многу интересно, со оглед на фактот дека Европјаните живеат во помали куќи, возат поедноставни автомобили и поседуваат помалку предмети.
-Ја говорат вистината: Лажењето го поттикнува стресот, и така се губи самодовербата и се станува антипатична личност. Вистината, пак, ќе ве ослободи. Искреноста го подобрува вашето ментално здравје, и овозможува другите да стекнат доверба во вас. Секогаш бидете искрени и не се извинувајте за тоа.
-Имаат развиена самоконтрола: Среќните луѓе имаат прилика да „одберат“ каков ќе им биде животот. Не дозволуваат другите да им кажуваат како треба да живеат. Ако управувате со својот живот, ќе бидете позитивни и свесни за своите вредности.
-Го прифаќаат она што не можат да го променат: Кога еднаш ќе ја прифатите изреката „животот не е фер“, ќе бидете многу помирни. Наместо да се оптоварувате со тоа како животот не е добар кон вас, сконцентрирајте се на она што можете да го промените и променете го на подобро.И најбогатата личност на светот може да биде несреќна, но и бездомникот може да биде насмеан и задоволен со својот живот. Среќните луѓе сами ја пре

Пронајдете не на следниве мрежи: