Ова се осумте најкорисни пијалоци

Ништо не може целосно да ja замени потребата на човечкиот организам од течности, пред се од вода. Таа е корисен извор на влага, но освен водата постојат и други пијалоци, кои му даваат на организмот многу корисни материи. Еве кои се најкорисните пијалоци за нашиот организам и содржат малку калории во себе.
Зелен чај
Предности: се смета дека го намалува ризикот од појава на остеопороза, рак, кардиоваскуларни болести. Во зелениот чај се содржат многу флавоноиди, полифеноли и антиоксиданси кои ги штитат клетките од штетните ефекти и гинеутрализираат слободните радикали. Зелениот чај содржи и флуор, кој гизајакнува коските и влијае благотворно на забите.
Калории: 0
Чај од нане
Предности: помага при стомачни нарушувања, придонесува за полесноварење, помагајќи и на храната да се движи полесно во гастроинтестиналниот тракт. Нането може значително да ја отстрани болката во мускулите и мускулната тензија.
Калории: 0

Млеко (со 1% масленост)
Предности: во млекото се содржат сложени јаглехидрати, протеини и помалку масти. Затоа производот се вари полека и човечкиот организам се чувствува сит подолго време. Благодарение на сложените јаглехидрати нивото на шеќерот во крвта останува стабилен. Калциумот кој е содржан во млекото се вари добро благодарение и на присуството на витамин D. Калциумот помага на клетките за согорувањето на мастите – затоа млекото придонесува за нормално намалување на тежината.
Калории: 1 чаша (250 мл) – 120.
Млеко од соја
Предности: го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Хранливите влакна и протеините содржани во соиното млеко, го намалуваат нивото на “лошиот” холестерол и триглицеридите. Во сојата се содржат фитоестрогени, кои веројатно се поврзани со зголемен ризик од појава на рак на дојка  Па затоа ако имате слични случаи во семејството, разговарајте со лекарпред употребата на млеко од соја.
Калории: во 250 мл млеко – 81.

Топло чоколадо или какао
Предности: го подобрува расположението и го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести. Какаото содржи многу корисни полифеноли, кои ги штитат клетките од слободните радикали. Употребата на топло чоколадо го зголемува производството на хормонот серотонин (неговото ниско ниво негативно влијае на расположението).
Калории: во 250 мл готов производ – околу 195, во 250 г мешавина на прав – 115.
Сок од домати без сол
Предности: според некои истражувања штити од многу форми на рак. Производите добиени по преработката на свежи домати, содржат ликопен во голема концентрација. Тој се асоцира со намалувањето на ризикот од појава на рак на усната шуплина, белите дробови, желудникот, црниот дроб, дојка, грлото на матката и желудникот. Ликопенот го штити срцето од влијанието на слободните радикали, ја намалува веројатноста од појава на кардиоваскуларни болести.
Калории: во 250 ml – 43.

Сок од боровинки
Предности: спречува болести на непцата, помага во борбата со инфекциите – најмногу на половите органи. Внимание: сокот кој се продава, содржи доста шеќер. Па избирајте само 100% сок без шеќер или не консумирајте повеќе од 1 чаша дневно.
Калории: во 250 мл – 140.
Сок од портокал
Предности: витаминот Ц кој го има во изобилие во потокоалот штити од многу болести. Овој сок е и прекрасен извор на фолна киселина, која е особено потребна за бремените жени – за превенција на дефекти во развојот на фетусот.
Калории: во 250 мл – 115.Еве кои се најкорисните пијалоци за нашиот организам и содржат малку калории во себе.
Зелен 

Пронајдете не на следниве мрежи: