Денес беа констатирани оставките на техничи назначените министри на СДСМ, познати по многу афери, огромна нестручност во ресорот кој го водеа, груба партизирација на министерствата и бескрајно многу обиди за скандализирање, манипулирање и лажење на јавноста.Нивните не-дела и непрофесионално теснопартиско однесување на челните или заменичките позиции во ресорите на јавноста и се добро познати, но и одлично се опишани и преку последните зборови кои како министри ги имаа Оливер Спасовски и Фросина Ременски од СДСМ.
Оливер Спасовски заврши како и што започна – неславно и со еклатантно неразбирање. Во првите часови по доаѓањето на функција во незнаење го парализираше МВР одземајќи ги сите ингеренции на сите раководители на сектори, а и неговите последни зборови како министер беа „не ви го разбирам прашањето“.
Фросина Ременски имаше доста ангажиран последен ден како министерка за труд и социјална политика. Покрај упорноста до крај да се однесува теснопартиски, нечовечно и да не им ги доделува социјалните станови на семејствата од Прилеп кои им следуваат, Ременски најде време и да се заканува на новинари и во очи да ја лаже јавноста.
Генералниот заклучок во јавноста е дека Спасовски и Ременски завршија како што започнаа: трагикомично!Нивните не-дела и непрофесионално теснопартиско однесување на челните или заменичките позиции во ресорите на јавноста и се добро познати, но и одли
Пронајдете не на следниве мрежи: