Од 1 септември електронските билети за возење во автобусите на ЈСП- Скопје и во приватните автобуси ќе бидат задолжителни, а цените во јавниот и приватниот превоз ќе се изедначат. Покрај со „СКОПСКА“ електронските картички, граѓаните ќе може да плаќаат во автобусите и со мобилен телефон. Цената на билетот за едно возење како и досега останува 35 денари, а доколку платите со мобилен телефон ќе изнесува 40 денари.
Валидацијата со мобилен телефон ќе се врши преку таканаречен пренос на податоци преку звучна комуникација меѓу мобилниот телефон и валидаторот, а плаќањето е со вртење на бесплатниот телефонски број 185.
Инаку, со временскиот билет, граѓанинот кој има потреба да го менува автобусот за да стигне до одредена дестинација во рок од час и половина ќе плати 60 денари.
Во 7- дневниот и 3-месечниот билет се вклучени и билети за Жичарата и лифтот до Крстот на Водно.
Додека пак, пензионерите кои ќе сакаат да се возат во автобус во деновите кога превозот не им е бесплатен, за месечен билет ќе треба да платат само 300 денари, а за учениците и студентите билетите за јули и август ќе чинат 600 денари.
Електронските картички кои се персонализирани и неперсонализирани чинат 200, односно 150 денари.
Со воведувањето на овој систем возачите на автобусите ќе се фокусираат единствено на управувањето на возилото. На овој начин, значително ќе се подигне нивото на безбедност во сообраќајот, ќе се намалат турканиците во автобусите, а граѓаните навремено ќе пристигнуваат до посакуваните дестинации.
Целта на ЈСП е што повеќе да ги приближи граѓаните кон јавниот транспорт, преку подобрување на квалитетот на услугата.
Со вкупно 590 возила, од кои ЈСП- Скопје со 385 и приватните превозници со 205, Градот Скопје ќе ги опслужува граѓаните со јавен транспорт.
Ценовник на билети со важност од 1 септември оваа година
Валидацијата со мобилен телефон ќе се врши преку таканаречен пренос на податоци преку звучна комуникација меѓу мобилниот телефон и валида
Пронајдете не на следниве мрежи: