Учителите на ФЕНГ ШУИ советуваат дека влезот во домот мора да е уреден и чист ако сакате позитивната енергија да ви „прошета“ по домот.Пред влезната врата не оставајте кеса со ѓубре или канта, а во ходниците не смеете да имате премногу работи или неред. На овој начин лесно ќе ја „избркате“ негативната енергија, а широка врата ќе и отворите на позитивната.
Во вашиот дом нема билка или цвеќе:
Домот без билка не е дом, ќе ви кажат експертите за уредување на ентериер! Зелените лисја носат светлост, освежување и повеќе возбуда во домот. Исто така ќе ја оживеат просторијата, а некој студии покажале дека присуството на билка во домот го смалува стресот. Имате доволно причини да одите до најблиската цвеќара и да си купите билка. Експертите на Фенг Шуи советуваат дека бамбусот носи среќа на домашните.
Единствено светло имате на плафонот
Доколку во вашата дневна соба или кујна единствено светло е сијалица, тогаш имате сериозен проблем! Сијалиците се убаво и модерно осветлување ама не е доволен изворот на светло. Задолжително подгответе го домот со ламби кој ќе Ви бидат доволно осветлување на просторијата и поубаво ќе гледате што правите. Освен тоа, топло осветлената просторија допринесува за подобро расположение во куќата.
Фокусна точка во собата ви е телевизорот
Доколку гледате во комјутер или телевизор пред спиење, ја смалувате можноста да заспиете, а последиците сигурно ќе ги осетите сабајлето. Една студија покажала дека паровите кај кои пред креветот стои поставен телевизорот, имаат двојно помалку сексуални активности за разлика од паровите кои немаат телевизор во спалната. Доволна причина уредите да ги преместите во дневната или во просторија каде што не спиете.
Кујната е во сина боја
Ако ви се чини дека боите немаат никаква врска со апетитот, грешите! Некои експерти велат дека бојата на вашата трпазарија сепак делува на апетитот. Сината боја го „убива“ апетитот и одличен начин ако сакате да ослабете, меѓутоа доколку сте спремиле свечена вечера или славите слава не сакате вашите гости да не ги пробаат вашите специјалитети кои се спремени за нив. Освен тоа, сината боја е добар избор за спалната соба затоа што повикува на сон, а премногу е ладна за место каде што се собира целото семејство.
Немате шарени детали
Кога бирате перница или тапети дозволете си малку слобода. Помешајте ги бојата и структурата и дајте му на домот идентитет. Домовите кои се обоени само во една боја, без шарени и занимливи детали потсетуваат на болница и стерилни простории во кој нема место за позитивна енергија. Набавете некој фенг шуи детал, одберете тапети за еден ѕид или збогатете ја софата со весели перничиња.Пред влезната врата не оставајте кеса со ѓубре или канта, а во ходниците не смеете да имате премногу работи или неред. На овој начин лесно ќе ја &b