Ова се случува кога не пиете доволно вода!

Сите го знаеме познатиот совет според кој треба да пиеме девет чаши вода секој ден. Некои го сметаат за мит, некои се придржуваат кон него, но научниците тврдат дека овие вторите ќе бидат поздрави.Институтот за Медицина во САД препорачува жените да пијат околу 9 чаши вода дневно, па некои од нас ќе се запрашаат дали вреди да го посетуваме и тоалетот толку често. Краткиот одговор е да. Еве што е случува кога не пиеме доволно вода:
-Зголемен ризик од здравствени проблеми: Поголемото консумирање на вода е поврзано со помалите шанси за појава на камен во бубрегот, уринарни инфекции, рак на дебелото црево и срцев напад.
-Метаболизмот стагнира: Во неколку различни истражувања, кои подоцна се собрани во книгата „Тајната на Водата“ од 2010 год., др. Хауард Мурад го изнесува своето откритие дека метаболизмот на човекот забрзува, и калориите согоруваат повеќе ако телото внесува повеќе вода.
-За една иста работа мислите повеќе: Во Институтот за психијатрија во Лондон, научниците откриле дека мозокот на дехидрираните тинејџери се смалил во черепот, и кога им поставувале проблеми за решавање, биле подеднакво добри во квалитетот како оние кои пиеле повеќе вода, но во процесот им бил вклучен поголем дел од мозокот. Без грижа, пиењето вода го враќа мозокот во нормалната големина.

-Јадете повеќе: Едно истражување од 2010 година на Институтот за јавно здравје и Истражувања на водата, кое опфатило над 45 возрасни луѓе, открило дека оние кои пиеле две чаши вода пред секој оброк, кога јаделе внеле 75 до 90 калории помалку отколку оние кои не пиеле вода.
-Ќе имате повеќе брчки: Додека истражувал, Др. Мурад исто така открил дека водата ја храни кожата, ги пополнува брчките, и дури и ги ублажува лузните и други неправилности на кожата.
-Ќе бидете нерасположени: Во едно истражување во 2009 год. Во Масачусетс, мажи и жени имале задача да вежбаат аеробик околу еден час, а половината од нив однапред пиеле вода. Се покажало дека луѓето од групата која не пиела вода подоцна се чувствувале изморени, збунети лути, нерасположени или  напнати.Институтот за Медицина во САД препорачува жените да пијат околу 9 чаши вода дневно, па некои од нас ќе се запрашаат дали вреди да го посетуваме и т

Пронајдете не на следниве мрежи: