Ова се трите најчести причини за нередовност на месечниот циклус!

Менструалниот циклус кај секоја жена е поинаков. Но, дали знаете дека некои секојдневни навики значително влијаат на нашето тело и можат да предизвикаат големи промени кај циклусот?1. Стрес
На доцнењето на месечниот циклус можат да влијаат трауматични настани како смрт или болест на блиска личност, прекин на врска, селидба, губење на работното место и многу други стресни моменти. Тоа се ситуации кои нагло и значително го зголемуваат нивото на стрес. Стресот влијае на делот од мозокот наречен хипоталамус кој ги регулира хормоните во телото, а меѓу другото и на менструалниот циклус кој потоа може да стане нередовен, а крвавењата пообилни или многу слаби.
2. Патувања
Подолги патувања, особено оние на далечни дестинации, значително влијаат на телото. Несоница, нервоза и замор се само некои од симптомите на тн. „џет лег“ – краткотрајно нарушување предизвикано од патување низ различни временски зони. Но, овие промени можат да влијаат и на менструалниот циклус кој може да стане пократок или подолг. Циклусот би требало да се нормализира по два до три наредни циклуси.
3. Недостаток на сон
За нашето тело да може нормално да функционира потребен му е соодветен одмор во форма на сон. Од друга страна, премалку сон може да доведе до голем број негативни промени во организмот како пад на имунитетот, нервоза, замор и малаксаност, но и да доведе до нарушување на менструалниот циклус. Докажано е дека на човечкото тело му се потребни од 7 до 9 часа сон и токму затоа е потребно да ја смените дневната рутина и да се обидете на телото да му обезбедите доволното време да се одмори.

Пронајдете не на следниве мрежи: