Ова се вежбите кои го намалуваат апетитот!

Еден од стереотипите кои често ги одвикнуваат поединците од вежбање е митот дека вежбањето ја поттикнува гладта и дека по телесните напори, се надополнувате со храна. Според неодамнешните истражувања објавени во „Science Daily“, тие тврдења се покажаа како невистинити.  Мирувајте и ќе бидете гладни, вежбајте и ќе бидете сити
Истражувањата спроведени во Јапонија и Велика Британија укажаа на различните вежби кои го намалуваат апетитот. Најдобри резултати се постигнуваат со вежбите со вертикално движење, како што се скокање на јаже. На второ место е трчањето, кое го потиснува апетитот повеќе од возењето велосипед.
Јапонските истражувачи испитуваа 15 здрави мажи, со просечна возраст од 24 години. Тие од ден на ден наизменично скокаа на јаже, возеа статичен велосипед или се одмораа. Во текот и по вежбањето, истражувачите ги мереа хормоните на глад на доброволците и ги прашуваа колку се објективно гладни и какви видови храна најмногу сакаат да јадат. Резултатите покажале дека најгладни биле во деновите кога одморале, а најмалку гладни непосредно пред скокањето со јаже.

Најсилното заситување од храна се почувствувало 15 минути по вежбањето и тоа траело приближно два саати. Според мислењето на истражувачите, резултатите за намалување на гладта е последица од „протресување на цревата“, до кое доаѓа кога телата се поместуваат горе-долу. Јапонците претпоставуваат дека вертикалното движење на телото, влијае на гладта, така што го намалува лачењето на хормонот грелин, кое телото во нормални околности го произведува кога сме гладни.  Мирувајте и ќе бидете гладни, вежбајте и ќе бидете сити
Истражувањата спроведени во Јапонија и Велика Британија укажаа на

Пронајдете не на следниве мрежи: