Кај една од осум жени во некој момент во животот ќе се разве рак на дојката. Тоа е застрашувачка статистика, но дбра вест е дека постојат чекори кои можете веднаш да ги превземете за да го намалите ризикот.Само во три проценти од случаите ракот на дојката е наследен, а Светската фондација за истражување на ракот тврди дека многу жени можат да го избегнат ракот доколку водат здрав живот, вежбаат и не конзумиратт големо количество алкохол.
Освестете се
Професорот Карло Палмиер, водечки експерт за рак на дојката во Clatterbridge Cancer Center:
„Редовен преглед на градите може да помогне да го откриете ракот во рана фаза, а тогаш е поголема веројатноста успешно да биде излечен. Исто така, доколку еднаш месечно ги погледнете вашите гради, ќе научите како всушност тие изгледаат „нормално“.
Правете го тоа неколку дена по циклусот, кога градите се најмалку отечени и чувствителни, а доколку повеќе немате циклус, тогаш одберете еден ден во месецот кој лесно ќе го запомните.
Проверете ги нерамнините, збрчканата кожаи промените на брадавиците“.
Обидете се да ги избегнувате контрацепциските пилули во своите 30-ти
Професор по клиничка генетика Гарет Еванс:
„Хормонските терапии во комбинација со контрацепциски пилули се поврзуваат со зголемен ризик од рак на дојката.
Препорачуваме жените во своите 30-ти години оралната контрацепција да ја заменат со нехормонска алтернатива“.
Доењето го намалува ризикот од рак
Фиона Осгун, истражување на ракот – Велика Британија.
„Доењето може малку да го намали ризикот од рак на дојката. Не знаеме точно зошто е тоа така. Можно е поради тоа што кога доите јајниците не призведуваат јајцеклетки толку често, а можеби поради доењето градите се поотпрни на промени кои можат да доведат до рак“.
Бидете активни секој ден
Инка Ебо, Health Information Lead
„Само 30 минути дневни физички активности можат да го намалат ризикот од рак на дојка.
Тоа не значи дека морате во теретана. Може да биде било што што ќе ве загрее и ќе ја забрза работата на срцето – па дури и енргично чистење, работа во градината или шетање на кучето“.
На следниот линк можете да прочитате повеќе за ПРВИТЕ СИМПТОМИ НА РАКОТ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ
Избегнувајте конзервирана храна и пијалоци
Конер Миделмен- Витни, нутриционистка
„Хемикалиите како што се бисфенол се користат за изработка на пластични садови, како и за кеси за храна. Експертите се сложуваат дека поголемата концентрација на бисфенол го зголемува ризикот од рак на дојката.
Избегнувајте цврсто спакувана храна, како месо од замрзнувач од супермаркет. Купувајте свежа храна, во микробранова печка користете стакло или порцелан, водата пијте ја од стаклени чаши“.
Јадете брокула
Аманда Хамилтон, нутриционистка
„Секое овошје и зеленчук се добри за вас, но некои се подобри од другите бидејќи помагаат во спречување на ракот на дојката.
Карфиолот и брокулата се поготово добри, а покажано е дека брокулата го спречува растот на туморот. Исто така јадете морков, бидејќи е богат со витамин А, а студиите покажале дека жените со високо ниво на каротен во крвта помалку заболуваат од рак на дојката.
Конзумирајте помалку алкохол
Доктор Сара Реалинг
„Дури и мала колилина на алкохолот го зголемува ризикот од рак на дојката, па колку повеќе пиете, поголем е ризикот.
Се проценува дека 3.000 случаи на рак на дојка годишно се поврзани со алкохолот“.
Доколку спаѓате во високоризична група превземете нешто
Доктор Кеитлин Палфарман
„Во јуни 2013 година Националниот институт за здравје препорачал дека лековите како што се тамоксифилин треба да им се понудат на жените кај кои ризикот од рак е зголемен поради семејна историја.
До сега операцијата беше една превентива, а жените кои се загрижени поради ризикот од рак на дојката треба да разговараат со својот доктор“.
Ракот исто така може да се открие по мирист. Погледнете ТУКА
Намалете го вишокот килограми
Елунед Хугес
„Гојазноста го зголемува ризикот од рак на дојката, посебно по менопаузата. Пресметајте го својот индекс на телесна маса(БМИ) бидејќи тоа е единствениот начин да дознаете дали сте гојазни“.
Откријте го ленот
Мишел Кае, нутриционистка и велнес тренер
„Свежо мелениот лен е најбогат извор на лигнани (група хемиски компоненти), кои исто така можат да се најдат и во зеленчукот, јаткастите плодови и слично.
Лигнаните се во облик на растителен естроген, кои го намалуваат делувањето на човечкиот естроген и штитат од „хормонски“ рак на дојката.
Пред јадење, смелете 2-4 лажици лен и измешајте ги во каша, фрапе или сок. Немојте да мелете поголеми количини однапред“.
Најдете време за опуштање
Доктор Патрик Кингсли
„Стресот ги оштетува надбубрежните жлезди и влијае на имунолошкиот систем, па логично е да игра важна улога кај развојот на ракот.
А кога жените се подстрес, тие ги игнорираат сопствените потрби и разиваат лоши животни навики, како прејадување, и со тоа допринесуваат за зголемен ризик од рак на дојката.
Затоа е важно да пронајдете здрав начин за ублажување на стресот и да се грижите за себе на вистински начин.
На следниот линк можете да прочитате повеќе за ПЕТТЕ СИМПТОМИ НА РАКОТСамо во три проценти од случаите ракот на дојката е наследен, а Светската фондација за истражување на ракот тврди дека многу жени можат да го избег


