ОВА СИГУРНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ: Овие познати личности ја имаат променето својата вера!

Без оглед на тоа што после ваквиот потег следат многу контроверзности доста познати личности се одлучиле да направат ваков чекор и да преминат во друга религија…Од попознатите српски естрадни личности се Синан Сакич, Лепа Брена и Дуња Илиќ…
Пејачката Дуња Илиќ предизвикала вистинска бура кога одлучила да се откаже од православието и да прејде во Исламот во кој како што кажува го пронашла духовниот мир, но таа не е единствената позната српска пејачка која решила да ја промени својата вера…

Фолк пејачот Синан Сакич и неговата сопруга Сабина го пронашле својот мир кај индискиот  духовен водич Саи Бабе од кога се научиле дека славата и богатсвото се само минливи работи но и се увериле во бројни чуда.
Меѓу оние кои ја промениле својата вероисповед е и Лепа Брена која Исламот го заменила со православието а на крстењето го добила името Јелена.
Таа не сакала да коментира поради која причина направила ваков чекор но се придржува кон своите православни правила и заедно со своето семејтво го слави Св. Архангел Михаил.
Трендот на промена на верата веќе со децении станал сосема нормална работа

Најпрочуениот боксер на сите времиња Мухамед Али во историјата влегол благодарејќи на неговиот технички бокс и неговите резултати но и како личност која јавно признала дека прешла во Исламот.
Роден како Касијус Клеј и огледан во христијански дух, талентираниот боксер во една прилика во Харлемот слушнал проповед од некој следбеник на Елијах Мухамед а истиот подоцна му го дал и името Мухамед Али.
По неговите стапки исто така тргнал и Мајк Тајсон, уште една боксерска легенда. Тој преминал во исламот во текот на издржувањето на својата затворска казна од 1992 до 1995 година а неговото второ име е Малик Абдул Азиз.

Холивудската ѕвезда Том Круз е најпознатиот следбеник на сајентологијата а интересно е тоа што неговата мајка била католик и тој едно време навистина сакал да стане свештеник но актерството го одвлекло на сосема друга страна.
Глумицата Џулија Робертс изјавила дека целото нејзино семејство го прифатило хиндуизамот после филмот „Јади. Моли се, сакај“ во кој ја играла главната улога а нејзиниот колега Ричард Гир уште во своите дваесетти години се заинтересирал за будизмот, иако бил одгледан во духот на Медотистичката црква…
Други познати личности кои преминале во будизмот се Стив Џобс, Орландо Блум, Кејт Босворт, Тина Тарнер…
Дали промената на верата е само лично убедување, враќање на корените, тренд или потреба за ново место каде ќе се пронајде смислата на животот, веројатно никогаш до крај нема да биде јасно, но многу познати личности се одлучиле на тој чекор без оглед на тоа што после него следат доста контроверзности…Од попознатите српски естрадни личности се Синан Сакич, Лепа Брена и Дуња Илиќ…
Пејачката Дуња Илиќ предизвикала вистинска бура кога одлу

Пронајдете не на следниве мрежи: