Иако физичките вежби се одлични за здравјето и за изгледот, една посебна и многу популарна вежба во теретаните би можела да биде сериозно лоша за вашиот сексуален живот.Ова го откри едно ново истражување, објавено во „Списанието за сексуална медицина“, чии резултати покажале изненадувачки резултати. Имено, поминувањето премногу време на велосипед може да ја „десензитивира“ вагината, односно да го ослабне сексуалното искуство благодарение на намалената сензитивност на вагината.
Во горенаведеното истражување учествувале жени бициклисти, а сите морале да исполнат еден совет, а тоа е со велосипед да минуваат најмалку 16 километри на ден. Така е откриено и дека возењето на еден конкретен вид на велосипед лошо влијае на гениталното чувство.
Се работи за велосипедот, чиј гидан е поставен пониско од седиштето, бидејќи притисокот е таков што уште повеќе влијае на губењето на сексуалното чувство.
Но, од овој проблем не патаст само припадничките на понежниот пол.
Истиот проблем може да се јави и кај некои мажи кои возат велосипед, и тоа може да доведе до еректилна дисфункција во екстремни случаи.
Не ви велиме целосно да се откажете од возење велосипед, но ако го возите за да ослабнете, можеби не би било лошо да размислите за некоја нова кардио-вежба…Ова го откри едно ново истражување, објавено во „Списанието за сексуална ме