четврток, 12 ноември 2026
Најново

Оваа билка ги смирува желудникот, умот и кожата, а помага и при ослободување од првутот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Мирисот на лавандата ја забавува работата на срцето и ги опушта телото и духот.Никој не може да одолее на убавата виолетова боја и пријатниот мирис на лавандата. Но, покрај ова, таа има и многу здравствени бенефиции.
Помага против првутот
Подгответе си препарат против првутот од лавандата. Во шолја ставете околу 15 капки етерично масло од лаванда и два филџани маслиново или бадемово масло. Смесата потоа ставете ја во микробранова печка 10 секунди. Со смесата премачкајте ја главата и добро измасирајте ја. Замотајте ја главата со пешкир и оставете да делува еден час, па исплакнете ја со шампон. Резултатите се видливи по само неколку третмани.
Помага против надуеност
Лавандата може да го намали бројот на лошите бактерии во дигестивниот тракт. Испијте малку јогурт во кој ќе здробите листови сушена лаванда и наденоста ќе исчезне.

 
Ги опушта телото и духот
Научно е докажано дека лавандата го смирува срцето и го опушта телото. Затоа е пожелно пред спиење да оставите сушена лаванда во вазна во собата, или пак попрскајте ја собата со миризливо масло од лаванда.
Ја смирува иритираната кожа
Маслата од лаванда може да помогнат и при разни осипи на кожата и убоди од инсекти. Само протријте малку етерично масло од лаванда на каснатото место. Тоа ќе го смири јадежот и ќе го ублажи црвенилото.

Ги прави оброците поздрави
Испробувајте нови зачини во кујната. Провенсалскиот зачин во себе содржи лаванда, и можете да го користите за сите видови месо. Не само што јадењето ќе има подобар вкус, туку и ќе го зајакнете организмот.Никој не може да одолее на убавата виолетова боја и пријатниот мирис на лавандата. Но, покрај ова, таа има и многу здравствени бенефиции.

Поврзани вести