Оваа девојка цел живот ќе трпи последици поради една пијана ноќ

На 19-годишната Алиса Ломел од Минесота минатата година мораа да и ги ампутираат двете стапала и сите прсти, бидејќи заспала пред прагот од својата куќа на температура под нулата. Кога ја најдоа на тремот пред куќата, температурата на телото и достигнала 26 степени и докторите се плашеа дека нема да преживее.Иако нејзиното семејство психички се подготвило да се прости од неа, Алиса сепак преживеала. Таа денес може сама да се нашминка, да пишува пораки на телефон и сама да се тушира, а дури планира да оди на колеџ и да се осамостои.
Мислев дека никогаш повеќе ништо нема да можам да направам сама. Но, по некое време и се помош на разговорите со своите пријатели сфатив дека можам да правам што сакам. Одеднаш добив надеж – рече Алиса.
Поради фактот дека предолго била изложена на ниска температура, лекарите морале да и ги ампутираат прстите и нозете за да ја поттикнат црикулацијата. Исто така морале да ја сечат по средина на стомакот за да им овозможи на белите дробови повторно да се прошират.
Алисон беше критикувана поради тоа што си дозволила да се најде во таква состојба, посебно дека беше малолетна. Таа беше во кома три недели после тој немил настан и не беше свесна дека и биле ампутирани одредени делови од телото.

 
Се чувствував добро кога се разбудив и бев подготвена да си одам дома. Не можев да поверувам кога ми соопштија дека ми ги ампутирале стапалата и прстите. Плачев, плачев и само плачев – рече Алиса.
Нејзиното закрепнување беше бавно, но со тек на времето научи да си го прифати својот нов изглед. Прво и беше дозволено дека се храни на цевки, па полека премина на цврста храна и секој пат кога одела на физикална терапија, одот и се подобрувал. Првиот предизвик на патот кон повторното осамостојување беше правењето на пудинг.
Прво ми се разлета правот за пудинг насекаде по кујната. Но, после малку вежби, сфатив како би можела да го направам тоа. Тоа беше само поттик кој ми помогна да заклучам дека можам се да правам сама, но на поинаков начин од оној на кој што се имам навикнато – заклучува Алиса.

 Иако нејзиното семејство психички се подготвило да се прости од неа, Алиса сепак преживеала. Таа денес може сама да се нашминка, да пишува пораки н

Пронајдете не на следниве мрежи: