Родителите се најскапоцените личности на светот. Тие не разбираат подобро од кој било. Нивната љубов е безусловна.Следната приказна, напишана од Брена Мартин, е доказ за овој факт. Прочитајте:
„Матурирав оваа недела. Кога татко ми ми кажа дека има подарок за мене, си помислив дека не е ништо особено. Но примив навистина посебен подарок. Тој ми ја подари омилената книга. На почетокот се насмевнав и реков дека многу ми значи.
Но, тогаш тој ми рече да ја отворам… На првата страна имаше краток пасус од мојата учителка од градинка. Почнав да прлачан, но бев уште збунета. Тој ми рече: „Секој ден, во изминатите 13 години, откако почна да одиш во градинка, го замолив секој учител, тренер и директор, да напише нешто за тебе во оваа книга.“
Тој успеал да ја зачува книгата во тајност 13 години. А сите знаеле за неа, освен јас! Секако, се расплакав. Ги читав низ солзи сите убави и охрабрувачки зборови.
Ова е несомнено најубавиот подарок што некогаш сум го добила. Го сакам мојот татко!“Следната приказна, напишана од Брена Мартин, е доказ за овој факт. Прочитајте:
„Матурирав оваа недела. Кога татко ми ми кажа дека има



