ОВАА ДЕВОЈКА ПОЧИНА: Нејзиниот сопруг направи нешто од што заплака цел свет!

Меган Бакер имала само 28 години кога ѝ бил дијагностициран рак на дојка. Сакала да стане медицинска сестра, волонтирала во болница, била вљубена. Се борела против рак на дојка, а во тоа поддршка ѝ бил сопругот Адам.Меган се лечела во Онтарио, Адам бил цело време покрај неа. Одлучила да пишува низ што сѐ поминува, а нејзиниот блог бил преполн со објави за тоа колку е тешко лечењето од рак на дојка.
– Моите гради се полни со шевови кои ја држат раната да не се отвори. Не се срамам што телото ми изгледа вака – запишала Меган.
Ракот метастазирал и се проширил на мозокот. Нејзината мајка и сопругот биле скшрени, а таа знаела дека ќе умре. И понатаму продолжила да пишува, продолжила да живее. Настојувала да се запише на медицински факултет и се омажила за Адам.
Направила листа на желби, нешта коишто сакала да ги постигне додека сѐ уште е жива. Само месец дена по свадбата, Меган починала.
– Се погрижи сите околу неа да се чувствуваат добро. Мирно почина – рекол Адам.
Откако ја изгубил саканата жена, Адам одлучил да ги исполни сите желби од нејзиниот список.

– Околу десетина минути откако почина, знаев дека морам да ги исполнам нејзините желби од листата. Тоа ѝ беше многу битно – изјавил Адам, чија намера ја поддржале луѓето кои ги читале нејзините блогови.
Луѓето му донирале пари, па тој тргнал на патување. Седнал во воз и тргнал на патување низ Канада. Тоа била една од нејзините желби.
– Листата навистина е голем предизвик. Рече дека ќе трча, а тоа ми е најмалку драга задача. Но, сепак трчам. Читам книги, бидејќи кажа дека ќе чита 12 книги дневно – вели Адам, кој отишол во Индија и волонтира во сиропиталиште.
– Имав неколку разговори со постари деца за тоа зошто сум тука и која е Меган. Добив интересни одговори од нив. Еден ми рече дека имам проблем со главата и срцето и дека сето тоа ќе исчезне кога ќе си заминам оттука. Се изненадив, бидејќи тоа ми го рече момче кое има само 12 години – објаснил Адам.
Родителите на Меган се свесни дека Адам тагува по саканата сопруга, но се надеваат дека наскоро ќе му се врати на својот живот откако ќе ги пронајде одговорите на своите прашања.
– Никога не се откажувајте. Борете се. Животот е тежок, но никогаш не дозволувајте да ве порази – рекол Адам, кој е уверен дека Меган би била среќна кога би знаела дека ја исполнува нејзината листа на желби.Меган се лечела во Онтарио, Адам бил цело време покрај неа. Одлучила да пишува низ што сѐ поминува, а нејзиниот блог бил преполн со објави за тоа к

Пронајдете не на следниве мрежи: