Оваа фотографија можеби е слатка, но за приказната зад неа зборуваат сите на интернет

Некои луѓе  едноставно  се кретени. Одбиваат да се потргнат  за да излезете од автобус, ве оговараат без да кажете збор и генерално чинат да кажете- сите луѓе се ѓубре. А, потоа се појави оваа жена.Ребека Гарвисон морала да лета со своето бебе Рајли. Летот со новороденче сам по себе е стрес. Не постои многу што можете да сторите доколку  вашето бебе почне да вреска во метална конзерва на 10.000 метри висина. Освен да влезете во  интернет холот на славни.
„Штом седнав со бебето во прегратки забележав дека еден пар ме гледа напоаку. Рајли заплаче, а авионот се уште не ни полета. Ја замолив стјуардесата да седнам назад бидејќи имаше помалку луѓе“, вели оваа мајка. Седнала покрај Најфеша Милер.
Жената, потполн странец, ја замолила мајката да се обиде да го смири бебето.
„Штом таа жена ја зеде Рајли, таа веднаш престана да плаче. Веднаш заспа и тоа во нејзини прегратки и не пушти ни солза додека не слетавме. Постојано се нудев да го земам детето, а таа ми велеше дека нема никаков проблем. Ми рече дека ѝ е мило што го прави тоа. Нешто неверојатно ми се случи и нема да можам да покажам колку сум благодарна“, напишала Ребека  во Фејсбук статусот кој наскоро почнал да се споделува со неверојатна брзина.

 
Статусот е отпишан со една порака
Никогаш  нема да знаете колку вашиот потег му значеше на моето семејство. Можевте само да превртите со очите  и да беснеете како и  сите други, но вие ми помогнавте и се грижевте за моето бебе. Ми дозволивте малку да одморам. Цело време ми  беа солзите во очите  додека ја гледав Рајли како спие во вашите прегратки. Не можев да верувам дека некој толку е љубезен кон нас. Многу ви благодарам.
Рајли безбедно слетала со својата мајка, а фината жена  дури им помогнала да се симнат од авионот. Не ни претпоставила дека нејзината постапка ќе стане една од најпознатите приказни на интернет денес.
Едноставно- била човек. Човек поради кој  барем денес можете да кажете- не, не се сите луѓе ѓубриња.Ребека Гарвисон морала да лета со своето бебе Рајли. Летот со новороденче сам по себе е стрес. Не постои многу што можете да сторите доколку 

Пронајдете не на следниве мрежи: