Природната катастрофа што се случи во Непал, не престанува да биде главна тема во светот. Но, денес доби потполно нова форма.Една недела по земјотресот во Непал, во кој загинаа најмалку 7.200 луѓе, светот и понатаму го потресуваат вести и фотографии кои во поголемиот дел од случаите не наидуваат на одобрувања од јавноста.
Од земјотресот се прави туризам, па интернет заедницата и странските медиуми ги осудуваат луѓето коишто прават бесчувствителни селфиња над уништените делови на Катманду, кои имаат силна историска вредност.
Додека светот зборува за тоа што за Непал не може да пристигне доволно помош, на интернет се појави фотографија која никого не го остави рамнодушен.
Имено, фотографијата прикажува девојче од две ипол години која во прегратката ја чува нејзиниот четиригодишен брат. Оваа фотографија е споделена повеќе од 148 илјади пати.
Сѐ уште целосно не е позната целата приказна зад фотографијата, но дефинитивно не ги остави рамнодушни оние со најтврдо срце.Една недела по земјотресот во Непал, во кој загинаа најмалку 7.200 луѓе, светот и понатаму го потресуваат вести и фотографии кои во поголемиот дел