Пијани девојки во несекојдневна поза, оваа фотографија ја имаме сите видено, при тоа истата е модифицирана и искористена како главна шега со различни наслови и коментари.Една од девојките кои се на фотографијата е „обележана“ за цел живот, а сега конечно одлучи да проговори за „Космополитен“.
Она што првенствено треба да го знаете е дека фотографијата која стана хит шега во светот, започнала како интерна шега на најдобри пријателки. Пред 5 години пријателките биле на свадба на Кејт, исто така нивна пријателка.
-На патување во Тајланд, мажите со кои се дружевме не запознаа со изреката “Лице кое тресе“. Во принцип поената е во тоа што на сликата ја направивме смеејќи се додека скокавме горе доле и истовремено мрдајќи ја главата лево и десно. Резултатите, како што веќе сите знаете се урнебесни, вели Лизи.
Оваа урнебесна фотографија Лизи веднаш ја објавила на Фејсбук.
-Пријателите одлично ја прифатија. Мислам дека на истата имавме околу 200 лајкови, а потоа луѓето почнаа да ја споделуваат и тогаш се тргна во погрешна насока. Еден ди џеј од Германија ја објави нашата фотографија со наслов „Лида саботна вечер“ и така фотографијата стана хит, вели Лизи.
Таа објаснува дека луѓето наеднаш започнале да ја контактираат преку Фејсбук, додека фотографијата се ширела на сите социјални мрежи…
-Најголем дел од коментарите беа лоши, колку сме грди и одвратни, смешни, непримерни. За среќа ние знаевме како изгледаме во вистинскиот живот и дека не бевме навистина многу пијани, туку едноставно лудо се забавуваме. Така одлучивме на сето тоа да гледаме како на шега и да не го сфаќаме сериозно, вели Лизи.
За среќа, нивните работодавачи и колеги имаат големо разбирање за сето ова, како и нивните родители и пријатели и блиски луѓе.
-Сепак сметам дека е многу важно, да се сфати дека вакви фотографии можат да направат голема штета, заклучува Лизи.Една од девојките кои се на фотографијата е „обележана“ за цел живот, а сега конечно одлучи да проговори за „Космополитен“.