ОВАА ГАТАЧКА ЈА ОТКРИВА ИДНИНАТА: Погледнете што кажува за вашиот знак!

Циганките гатачки се познати по тоа што гледаат на дланка и карти и ја предвидуваат иднината. Еве што ви предвидуваат картите во наредниот период.Овен
Куќа – порака – крадец
Иако Овните во врските се обидуваат да го стабилизираат односот со партнерот, очигледно дека постои големо разидување. Склони сте најважните проблеми да ги туркате под тепих и да се знаимавате само со ситници.
На слободните животот најмногу им се врти околу работата и повеќе се склони да крадат некои моменти на опуштеност и задоволство, отколку да се посветат во целост. Нагласени се краткотрајни афери, неофицијални сексуални односи и врски со зафатени личности.
Ве очекуваат трошоци врзани за семејството и куќата.
Бик
Пари-посета-љубовник
На Биковите љубовта нема да им оди од рака во наредниот период. Работата ќе ја користите како изговор, а всушност не сте задоволни на емотивен план. Не сте усогласени со саканата личност и не посветувате доволно внимание еден на друг.
Иако премногу и се посветувате, работата ви е претурање од шупливо во празно. Не сте адекватно платени за тоа што го работите. Здравје одлично.
Близнаци
Порака – несреќа – љубомора
Склони сте кон афери и очекувате проблеми со саканата личност. Ќе се соочите со љубомора и притисок од страна на саканата личност. Интересни сте му на спротивниот пол, но повеќе ќе привлекувате авантури и „забрането овошје“.
Ве очекува загриженост и несигурност во работните односи. Чувствувате дека моментално немате влијание на случувањата а информациите кои доаѓаат не се оптимистички. Во брзање може да привлечете погрешни потези. Совет ви е да ги следите случувањата и да се обидете да се прилагодите на промените. Приливите на пари се повремени и недоволни да ги покријат трошоците кои константно растат. Здравје добро.

 
Рак
Пари – среќа – болест
Раковите во врска или брак мораат нешто да променат. Темелите не се сигурни – Што не е во ред?
Љубовта ја ставате на второ место, а некои други работи ви стануваат приоритет. Водете сметка тоа да не ги наруши односите кои ги имавте и кои ви се важни.
Само работата и материјалната страна ви е во главата, иако не ви е лесно да се изборите со обврските, свесни сте дека сега мора да бидете поодговорни од било кога. Бидете упорни и успехот ќе дојде. Исцрпени сте физички и психички.
Лав
Куќа – посета – неискреност
Доколку помеѓу вас и партнерот постои сомнеж или несигурност, потребно е што порано работите да ги извадите на виделина.
Што се однесува до слободните лавови, можеби зборувате пред другите дека што поскоро сакате да најдете некој/а кој/а ќе ви смири, но вашите дела говорат поинаку.
Во работата слушајте се себеси и својата интуиција. Нема да погрешите. Можно е труење со храна, па избегнувајте брза храна и месни преработки.
Девица
Надеж – верност – љубовници
На прв поглед кај оние кои се зафатени ситуацијата воопшто не е лоша. Нема проблеми, нема големи барања, нема љубомора, нема кавги, нема секојдневни препирки кои ви го загорчуваат животот. Навистина треба да сте задоволни….но, вие не сте. Зошто? Па може од таа причина што не се случува ништо посебно, што се се одвива некако бавно и еднолично.
Не кукајте за акција туку уживајте во овие моменти на мир. Слободни…Знаете ли вие што сакате воопшто? Само вие продолжете да чекате среќата од небо да ви падне в скут….Убаво ќе си почекате. Се она што го посакувате професионално, како постојано да ви бега од рака. Реално гледано ситуацијата не е лоша но немате никакво чувство за напредок. Здравјето ви е одлично.

 
Вага
Неискреност – копнеж – посета
Вашето расположение е доста примамливо што и тоа како се одразува на постоечките односи. И понатаму со партнерот се провлекува недефинирана ситуација, и во текот на овој месец се можни прекини или сериозни нарушувања во врската. Можен е повремен контакт со странство, измами, лаги… еден сеопшт хаос во кој нема ни трага доверба. Можно е некој да сака да го спречи тоа што го правите или да ве сопне на секој чекор. Склони сте на стрес.
Скорпија
Дар – среќа – верност
Кој чека – ќе дочека. Ситуацијата доста се поправа во односите со партнерот. Ве очекуваат некои убави вести – свршувачка, венчавка или макар почеток на заеднички живот. Конечно ќе бидете задоволни со работата бидејќи ќе успеете да се стабилизирате. Ќе работите и на усовршување.
Здравје – одлично.
Стрелец
Непријател – вистина – надеж
Преку трња до ѕвезда…Еве краток опис за љубовниот живот на Стрелците. Партнерските односи се под голем притисок , работите не одат како што треба, но исто така имате и исклучително добра можност ова да го средите. Присетете се на се што ве врзува, поразговарајте и вратете се во колосек. Совладување на препреките во работниот однос и со соработниците ќе ви одземе многу време и пари. Здравје – солидно.

 
Јарец
Надеж – непријател – дар
Во партнерскиот однос има ред мед, ред лед…но се е така интересно и слатко, особено кога ќе завршат „војните“ завршуваат со бакнежи и помирување. Пред слободните е предизвик – некој многу ве привлекува, но нема туку така лесно да се препушти на вашите романтични изјави.
Ќе мора да се потрудите. Потребно ви е да имате силна конкуренција на работа за да ги покажете вашите квалитети. Ако се појави некој здравствен проблем, брзо ќе го решите. Одлично се чувствувате.
Водолија
Вистина – љубовници – тага
Во емотивните односи бидете внимателни, се советува искреност и отвореност меѓу партнерите за да не дојде до туѓо мислење во вашата врска. Можно е да успеете да остварите само дел од своите намери кон личноста која вам ви се допаѓа, но блокадата и понатаму постои. Се е спремно за унапредување на работа.
Некои видови на промени, реорганизација, ќе мора да настапат. Можеби ќе морате да се откажете од некои соработници, но ова сфатете го како форма на отфрлање на она што ве кочи. Повремено ќе имате паѓање на расположение и енергија. Посветете повеќе време надвор од куќата за да се расположите.
Риби
Писмо – љубомора – свадба
Немојте да дозволите да бидете онаа личност која од страна гледа како другите се среќни и заљубени,а вие се чувствувате неисполнето и несакано. За слободните вистинските прилики се тука, но мора да надминат некои минати емотивни болки.
Кај оние во брак и долги врски се очекуваат расправии, пораст на љубомора, и појава на некои трети лица кои во пречат во врската. Ќе биде потребно да се види што од ова е вистина, а што не. Се гледа нагласено присуство на конкуренција на работа како и обиди за делување против вас. Овен
Куќа – порака – крадец
Иако Овните во врските се обидуваат да го стабилизираат односот со па

Пронајдете не на следниве мрежи: