Оваа година повеќе средства за модернизација и опрема на АРМ

Прогресот којшто го има постигнато Република Македонија во делот на потребните одбранбени подготовки за полноправно членство во НАТО и особено имплементацијата на Планот за опремување и модернизација на АРМ за којшто Владата одвои 315 милиони евра, е тема на редовни билатерални консултации помеѓу Република Македонија и НАТО што започнаа денеска во Клубот на пратениците во Скопје. 
 
 
 
Како што изјави Елизабета Чуповска Ристова, државен секретар во МО, на овој состанок тимот на НАТО е предводен од страна на директорот за одбранбено планирање на НАТО Пол Северо, а тимот на Република Македонија од државен секретар и директор на Генерал штабот на АРМ.
– Очекуваме фокусот на дискусија и изразување почит спрема напорите што ги има РМ направено во поглед на НАТO интеграцијата да биде ставен на имплементацијата на Планот за опремување и модернизација на АРМ за којшто Владата на РМ одвои 315 милиони евра за финансирање проекти што ќе придонесат за соодветно опремување на АРМ, истакна Чуповска Ристова.
Во фокусот на дискусијата, додаде, ќе биде и придонесот на АРМ во меѓународните операции, развојот на човечките ресурси, како и одбранбените подготовки во постигнувањето на развојот на партнерските цели во делот на копнените и воздухопловните сили.
– Очекуваме соодветно да биде вреднуван напорот што РМ го вложува во делот на постигнување полноправно членство на АРМ во НАТО. РМ е спремна уште од 2008 година да ги преземе сите обврски коишто произлегуваат од членството во НАТО и затоа ние редовно ги одржуваме сите билатерални и мултилатерални консултации со НАТО во функција на остварување на оваа стратешка цел, посочи Чуповска Ристова.
На новинарско прашање таа нагласи дека Република Македонија оваа година ќе го затвори 17. циклус на Планот за интеграција во НАТО и се очекува да биде отворен 18. циклус.
– Во делот на одбранбената соработка, како дел од целокупниот План за членство во НАТО, секогаш РМ е соодветно вреднувана и одбранбената политика е добра приказна во НАТО. Соодветно е вреднуван придонесот што го имаме во мировните операции, бидејќи РМ заклучно со оваа година 50 проценти од вкупниот број офицерски и подофицерски кадар што го има и професионални војници е веќе распореден во меѓународни операции. Тоа е значителен придонес што го даваме во операциите за поддршка на мирот, рече државниот секретар во МО.
Исто така, додаде Чуповска Ристова исклучително значајно е вреднуван од НАТО и фактот што во 2017 година МО има зголемен буџет од осум проценти во споредба со 2016 година, а особено фактот што на капиталната страна имаме сериозно зголемување на издатоците согласно НАТО барањата.
– Оваа година МО на капиталната страна планира да потроши 20 проценти од вкупниот буџет, што споредбено со минатата 2016 година во делот на набавката на главната опрема, која што директно е поврзана со имплементацијата на Планот за опремување и модернизација, расходите ќе бидат зголемени за повеќе од 100 проценти. Од 7,9 милиони за главна опрема што ја имаме остварено 2016 година, оваа година Владата на РМ покажа спремност и политичка волја овие расходи да бидат зголемени на 20 милиони евра, истакна Чуповска Ристова.
Билатералните консултации на Македонија со НАТО тимот ќе продолжат и утре.
 
 
 
  
 
 
 
Како што изјави Елизабета Чуповска Ристова, државен секретар во МО, на овој состанок ти

Пронајдете не на следниве мрежи: