Оваа храна ќе ве засити после неколку залчиња

Сакате да го елиминирате вишокот килограми? Не мора да се изгладнувате ниту да ги прескокнувате оброците. Доволно е само наместо порција слатки да изедете некои од овие намирници кои ќе ве заситат и по третото залче.Јаболко
Изедете едно јаболко половина час пред оброкот и ќе ви биде доволно значително помала порција. Влакната и водата во јаболкото ќе ве заситат и ќе ја намалат желбата за нездрава храна. 
Супа
Нискокалоричните супи се одличен избор за секоја диета бидејќи брзо го заситуваат организмот. 
Грав, леќа, леблебија
Оваа храна богата со протеини, влакна, антиоксиданси, витамин Б и железо, одлично го контролира апетитот.
Црна чоколада
Кога ќе добиете желба за нешто слатко, изедете неколку коцки црна чоколада која изобилува со антиоксиданси и која многу подобро ќе ги задоволи вашите потреби отколку млечната чоколада. 

Кисели краставички
Пробиотиците во киселите краставички го регулираат варењето и го намалуваат апетитот. Тие се одлични во улога на диететска намирница.
Јајца
Доколку го започнете денот со јајца, вие ќе чувствувате ситост сè до ручекот. Истражувањата покажуваат дека големиот внес на протеини наутро често резултира со мал внес на калории во текот на денот.

Јаткасти плодови
Оревите, лешниците, бадемите, бразилските ореви, кикириките и др., се вкусни грицки кои го регулираат апетитот со помош на големата количина на здрави маснотии, протеини и влакна.
Овесна каша
Пробајте да го замените вообичаениот појадок со овесна каша и многу подолго ќе чувствувате ситост.Јаболко
Изедете едно јаболко половина час пред оброкот и ќе ви биде доволно значително помала порција. Вла

Пронајдете не на следниве мрежи: