Оваа храна НИКОГАШ не ја загревајте повторно во микробранова печка

Најдобар и најбрз начин да ги загреете остатоците од вчерашниот ручек е секако микробрановата печка. Додека ви се чини дека нема тука некоја голема техника, сепак постојат неколку правила за тоа која храна можете да ја загреете во микробранова печка.Huffington пост наведува листа на јадења кои , наместо во микробранова, би било подобро да се подгреат во рерна.
Јајца
Немојте никогаш да загревате јајца во микробранова. Баш никогаш
Стек и пилешко
Ако ги загревате во микробранова, само ќе се исушат. Подобро насечете го месото на потенки парчиња и загрејте го на малку масло во тава.
Пица
Пицата подобро ке ја загреете доколку ја ставите 4 до 5 минути во поклопена топла тава.
Супа
Постои правило: Она што сте го зготвиле на шпорет, подгрејте го на шпорет. Подобро подгрејте ја силен оган со капак.

Мафини, леб
Лебот одвнатре ќе остане ладен, а однадвор топол доколку го загревате во микробранова. Подобро прекријте го лебот или мафините со фолија и загревајте 15 минути во претходно загреана рерна.
Зеленчук
Доколку сакате зеленчукот да го задржи „чуството“ на свежо приготвено, загрејте го во рерна.
Тестенини
Тестенината не е „материал“ за подгревање во микробранова. Останува сува а во средина ладна. Загрејте ја во тава со малку масло.Huffington

Пронајдете не на следниве мрежи: