WhatsApp е една од најмалку безбедните и доверливи апликации – докажано. На тестот за бесбедност и сигурност на податоците на корисниците кој се оценува до пет ѕвездички, WhatsApp доби само една!Тестот го спроведе фондацијата Electronic Frontier, која секоја година објавува извештај за собирањето, заштитата и користењето на податоците на корисниците во компаниите, сервисите и апликациите. Оваа година најдобри беа Yahoo, Apple, Adobe, Dropbox, Wikimedia и WordPress (сите по пет ѕвездички), додека најлоши беа WhatsApp и AT&T.
Фондацијата редовно составува извештај и се потпира на транспарентноста на компаниите во однос на работата со корисничките податоци, на тоа колку често добиваат барања од поединци, влади и државни агенции да им отстапат податоци, колку често го прават тоа и колку долго ги задржуваат податоците на корисниците.
WhatsApp и AT&T не го коментриале овој извештај, но во однос на кредибилтетот кој го има Фондацијата и дека извештајот се основа на јавно достапните информации, извештајот за транспарентноста и „инсајдерските“ информации – јасно е дека корисниците има зошто да се грижат.
Инаку, WhatsApp веќе неколку пати се најде во центар на скандали кои се однесуваат на продажба на податоци на корисниците и пропусти во сигурноста, кои овозможуваат извлекување на информации од апликацијата и корисничките профили.
Фондацијата Electronic Frontier го објавува овој извештај од 2011 година и компаниите главно подобро се рангираат со секој нов извештај. Тренд е за податоците на корисниците сѐ повеќе да се грижи на соодветен начин.Тестот го спроведе фондацијата Electronic Frontier, која секоја година објавува извештај за собирањето, заштитата и користењето на податоците на ко