Неверојатна сцена се одиграла во Романија, каде Џанета Бенте, сиромашна мајка, морала да ги остави новородените деца во болница бидејќи нема пари да ги издржува.Џанета веќе има три деца со кои живее во трошна куќа на периферија, а набрзо откако добила тројка, едноставно исчезнала од болницата, оставајќи им ги на медицинските сестри да се грижат за нив.
„Се надевам дека луѓето ќе сфатат дека едноставно немам можност да се грижам за нив. Сакам да имаат убав живот, онаков каков јас никогаш не би можела да им пружам“, рекла Бенте.
Тројките кои оваа мајка ги донела на свет се потполно здрави и добиени се по природен пат. Родени се прерано, но тоа не го загрозило нивното здравје.
Социјалние служби веднаш сакале да ги вдомат овие девојчиња, но не можеле да го сторат тоа без согласноста на нивната мајка, која неодамна се појавила и ги потпишала сите дозволи за нивно сместување.
Болницата во која Џанета Бенте се породила има неславна репутација каде дури 25 бебиња биле напуштени оваа година.
„Родителите обично ги оставаат поради финансиски причини. Овде е многу лош стандардот и поголем број од населението е сиромашно“, вели Аурелија Сиресана која работи како социјален работник за згрижување на деца.Џанета веќе има три деца со кои живее во трошна куќа на периферија, а набрзо откако добила тројка, едноставно исчезнала од болницата, оставај
Пронајдете не на следниве мрежи:



