Канадските научници работат на софтвер што ќе ги чита емоциите од протокот на крв во вашето лице, но на ист начин се препознава и кога некој лаже. Ваквиот детектор на лаги можете да го употребите и на љубовните средби.Детекторот за лаги е производ на фирмата NuraLogix од Торонто. Софтверот е за обработка на слики, односно се обидува да ги декодира емоциите така што го мери протокот на крв низ лицето. Зад проектот стои научникот Канг Ли кој објаснува како се се темели на тоа дека основните емоции имаат специфично однесување на протокот на крв кој е надвор од наша контрола, а се разликуваат кога лажеме или ја говориме вистината.
Користејќи ги снимките со камерата на телефонот, софтверот ќе ги споредува промените во бојата на кожата и ќе ги споредува со просечните состојби. Што се однесува до лажењето, психолозите со години пратат одредени особини на лагите, како вербалните знаци или микро изразите на лицето. Ли и тимот научници развиле алгоритам кој ги прати промените во протокот на крвта на лицето. Тој изјавува дека со овој метод може од далечина да откриваме во целост дали некој лаже или не. Сепак, признава дека овој метод нема да биде земен со голема сигурност во предвид на суд. Но, додава дека ваква апликација може да им биде од корист на наставниците, кои ќе знаат дали ученикот се срами да признае дека не ја научил лекцијата и ќе му помогнат.Детекторот за лаги е производ на фирмата NuraLogix од Торонто. Софтверот е за обработка на слики, односно се обидува да ги декодира емоциите така ш