Оваа намирница ќе ве наполни СО ЕНЕРГИЈА, А НЕ ДЕБЕЛЕЕ

Леблебијата содржи многу витамини и минерали и би требало почесто да се наоѓа на вашата трпеза.Иако традиционалните мешунки на нашиот простор се грав, грашок, грав и леќа, леблебијата во последниве години станува се повеќе популарна и се качува на врвот на скалата за омилена храна.
Гледајќи ги генерално мешунките, тие се богат извор на висококвалитетни протеини со есенцијални амино киселини, па затоа не е ни чудно што служат како замена за месо. Тие содржат многу витамини, со акцент на оние од групата Б, особено фолна киселина, која е важна за бремените жени. Но, тие се и полни со минерали како калциум, магнезиум, железо, цинк, селен, како и растворливи и нерастворливи влакна. По овој краток преглед јасно е дека леблебијата треба да ја јадеме почесто, а начини на подготовка навистина има многу.
Во 100 грама леблебија се наоѓаат 360 калории,а од тоа 19 отсто протеини, шест отсто маснотии, 60 отсто јаглехидрати, 17 грама диетални влакна и 10,7 грама шеќер.
Здравје
Благодарение на влакната, откако ќе изедете леблебија, подолго време ќе бидете сити, но има и големи предности во однос на здравјето. Благотворно влијание врз нивото на холестерол и проблемите со дијабетес бидејќи го регулира шеќерот во крвта. Таа, исто така има добар ефект врз здравјето на срцето поради наведената фолна киселина. На својата листа со предности леблебијата го има и минералот молибден во траги кој ги активира ензимите во метаболизмот, а исто така е познат и како добар диуретик.
Помага при слабеење
Една студија објавена во американско „Специјализирано списание за исхрана на луѓето” покажа дека редовното внесување на растителни влакна во телото помага при одржувањето на телесната тежина и во борбата со прекумерната тежина. Преку две-годишната студија, научниците откриле дека до осум грама влакна на илјада внесени калории во телото поттикнува губење до два килограми. Леблебијата има дури осум грама влакна во три четвртини од една шолја, па тоа е доволна причина да ја јадете почесто.Иако традиционалните мешунки на нашиот простор се грав, грашок, грав и леќа, леблебијата во последниве години станува се повеќе популарна и се качу

Пронајдете не на следниве мрежи: