Оваа насловна страница на „Women Weekly“ сите ќе ве шокира, а еве и зошто

На насловната на ова списание се најде Турија Пит (26) од Австралија, која пред неколку години настрадала во голем пожар, но за среќа останала жива.Уредничката нa списанието, Хелен Мекеб, вели дека и било огромно задоволство и едно прекрасно искуство тоа што работела со Турија. За неа вели дека и покрај необичниот изглед таа си носи некоја своја магија во себе.
Турија пред околу 4 години настрадала во пожар, во кој се здобила со тешки изгореници по 65% од телот. Таа 864 дена се борела за својот живот и поминала низ стотина операции.

Турија вели дека не се срами од тоа како изгледа сега и дека е благодарна за секој нов ден во нејзиниот живот. Таа вели дека многу млади девојки се убави, но не го забележуваат тоа заслепени од стандардите за убавина кои им се продаваат по медиумите и рекламите.
Момчето на турија, Мајкл, пред несреќата бил во 3-годишна врска со неа, а потоа додека закрепнувал постојано бил крај неа, и никогаш не ни помислил да ја напушти.
Турија денес работи како мотивационен говорник и ги храбри луѓето ширум светот да се сакаат себеси такви какви што се, и да не експериментираат со своите тела само заради некои глупави критериуми за убавина.
Уредничката нa списанието, Хелен Мекеб, вели дека и било огромно задоволство и едно прекрасно искуство тоа што работела со Турија. За неа вели дека

Пронајдете не на следниве мрежи: