Дали се сеќавате на времето кога едни на други си праќавме честитки?Ниту една прослава, роденден, венчавка не можеле да поминат без честитка со адекватна посвета. Зад една посебна честитка стои една необична приказна. Инаку, еден корисник на социјалната мрежа Reddit објавил фотографија од честитка која неговиот татко и чичко ја праќале еден на друг 40 години, а прв пат ја пратиле во далечната 1973 година.
Рон и Џеф ја одржале својата необична традиција 40 години, а секој пат кога некому од нив ќе му стигнела честитката на домашна адреса, се потпишувал на неа.
Честитката на себе имала и оригинален симпатичен совет кој можеби послужил токму како мотивација за оваа прекрасна традиција.
„Немој да ја фрлаш оваа честитка, туку испрати ја на некој пријател“, пишувало на неа.
Ниту една прослава, роденден, венчавка не можеле да поминат без честитка со адекватна посвета. Зад една посебна честитка стои една необична приказн



