До пред неколку недели, никој немаше слушнато за ученичката од Чеченија – Луиза Голабиева.Но, оваа убава девојка го прославила 17. роденден со мажење за 30 години постариот Нажуд Гичигов, полковник во чеченската полиција. Овој маж, кој претставува авторитет во својот регион, е на иста возраст како таткото на невестата, која цело време имала ладен израз на лицето.
Луиза му е втора сопруга на Нажуд и покрај тоа што полигамијата е забранета според руските закони. Од друга страна, многумина тврдат дека Чеченија живее според свои закони, чувство за морал и под цврсто водство на шефот на републиката – Рамзан Кадиров, кој дозволил да се случи оваа свадба.
И додека социјалните мрежи се преполни со дебати за свадбата, можеле да се слушнат и обвиненија дека Нажуд се заканувал со одмазда на сиромашното село на невестата, ако некој се обиде или ја забрани нивната свадба.
Една од пријателките на Луиза напишала:
„Тој е женет и има деца. Таа е помлада од неговите деца. Жените во Чеченија се немоќни, никој не им помага. Кеда (чиј прекар е Луиза) му рекла дека има момче, но тоа било занемарено. Ѝ рекле дека тој е претепан“.
Руските блогери бесно реагирале, тврдејќи дека полковникот ја натерал младата девојка во својот кревет. Локалната активистка, Кеда Саратова, се нашла со него неколку пати пред свадбата и изјавила дека тој воопшто не зборувал за љубов, бидејќи во Чеченија е нормално тој поим да не се спомнува.
Минатиот месец, Кадиров на руската полиција ѝ дал до знаење дека не се добредојдени на негова територија, а на своите луѓе им рекол дека ако некој помине без негово знаење – може да го застрела.
Токму поради тоа, нималку не е чудно што 17-годишната Луиза без приговор стапила во брак и го заземала второто женско место во куќата на Нажуд.Но, оваа убава девојка го прославила 17. роденден со мажење за 30 години постариот Нажуд Гичигов, полковник во чеченската полиција. Овој маж, кој п



