Волшебен свет на бајките, згодни жени кои сакаат да ризикуваат на приватен план, дрзок болнички хумор и уште многу работи ве чекаат на Pickbox. „Љубовници“ и „Стажисти“ пристигнуваат на 1 април, а додека чекате, тамам ќе стигнете да организирате и маратонско гледање на бајковитата серија „Си било еднаш“.Верувате ли во бајки?
Замислете град во кој луѓето итаат од едно место на друго за да стигнат да извршат една од своите многубројни дневни обврски. А сега замислете дека тие луѓе не се обични жители на градот, туку волшебни ликови од бајките, на кои злобната вештерка им ја фрлила клетвата на заборавот.
Цела плејада нам добро познати ликови од бајките се раселени од вештерката во градот Сторибрук и додека едно храбро и инвентивно момче не се осмели да ги преземе работите во своите раце, злобното проклетство и понатаму трае. Ако ви кажеме дека Џинифер Гудвин (Снежана) и Џош Далас (Принцот) се запознале на снимањето на Си било еднаш и подоцна вечерале, не ви останува ништо друго освен да верувате дека за некои луѓе бајките сепак се возможни.
Лекари од кошмарите
Нивната работна околина по ништо не би требало да предизвикува смеа и да поттикнува на ѓаволштини, но на откачената екипа од Стажисти токму болничките ходници ѝ се полигон за најцрниот хумор.
Тројцата неискусни и несмасни лекари, во чии раце никој нормален не би сакал да дојде, домарот кој обожава да им „го спушти“ по секоја цена и еден релативно љубезен лекар, се одлична гаранција за смеа.
Несмасниот и по малку откачен Џеј-Ди, арогантниот Турк, симпатичната но несигурна Елиот, за среќа ја сретнуваат медицинската сестра Карла, која се обидува да ги насочи, додека од злобните досетки на нарцисоидниот ментор на Џеј-Ди, Пери Кокс, не би се засрамиле ни најголемите гадови на овој свет.
Романси и интриги
Со какви проблеми се среќаваат жените кои уште немаат добиено статус на девојки или сопруги (а можеби тоа воопшто и не го сакаат), погледнете во Љубовници. Четири пријателки, чии животи се вртат околу сексуалните интриги, романтиката и згодните мажи,се идеална комбинација за добра и опуштена серија. Особено ако се работи за жени кои сакаат да ризикуваат на приватен план.
Американската верзија на „Љубовници“ со „волшебничката“ Алиса Милано и со „изгубената“ Џунџин Ким, претставува верна адаптација на истоимената британска серија од 2009 година. Иако „Љубовници“ наскоро поради пониските трошоци за снимање ќе се пресели во Канада, и тоа без Алиса Милано, која има две мали деца, нема причина во првите две сезони да не го фатите шмекот на летната вибрација на Лос Анџелес.Верувате ли во бајки?
Замислете град во кој луѓето итаат од едно место на друго за да стигнат да извршат една од своите м