Оваа работа ја правиме секој ден, а ни го скратува животот!

На секој кој работи во канцеларија сигурно му е позната исцрпувачката болка од целодневното седење. Она што можеби не го знаете е дека седењето по цел ден може да биде смртоносно – дури и ако редовно вежбате. Така покажаа резултатите од истражувањата спроведени на Универзитетот Корнел во кој учествувале дури 93 илјади жени.
Се покажало дека оние кои во текот на работниот ден најдолго седат умираат порано од оние кои се активни. Жените кои седеле и по 11 часа дневно вкупно имале 12 % поголем ризик од предвремена смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести.
Седењето го уништува здравјето, бидејќи кога телото не се движи го зголемува падот на метаболистичките активности, ја уништува мускулната маса, ја зголемува отпорноста на инсулин (што води до дијабетес).
„Дури и ако не седите 11 часа константно, кратката неактивност може да ја загрози состојбата“ – предупредуваат истражувачите на студијата. Уште податоци до кои дошле се: „Да речеме да седите осум часа на столчето, потоа седите во јавниот превоз или автомобилот во просек 20 минути, седите да вечерате, а подоцна лежите неколку часа на креветот за да одморите. Тоа може многу лесно да го достигне износот од 11 часа седење дневно“.

Според истражувањето резултатите можат да се применат на личности од старосни групи.
Што можете да сторите?
Се разбира работата на која седите е ограничувачки фактор, но сепак, можете да направите некои промени кои можат да направат голема разлика.
За почеток побарајте повисока маса на која ќе можете да седите и да стоите, така што повремено ќе можете да одморите. Ако не сте во можност да го сторите ова, тогаш ставете импровизирана подлога под компјутерот и подигнете го на ниво на очите.
Не треба да ве гризе совест поради земањето повеќе паузи, затоа што тоа не се прави паузи, туку нужност за попродуктивно работење.
Уште еден совет: не користете лифт одете пеш, можеби изгледа болно, но не заборавајте тоа нема да ви го скрати животот како седењето на столче. Така покажаа резултатите од истражувањата спроведени на Универзитетот Корнел во кој учествувале дури 93 илјади жени.
Се покажало дека оние

Пронајдете не на следниве мрежи: