Седумнаесет годишната Џорџија Литлвуд од Велика Британија еден ден на нејзините им се пожалила дека не се чувствува добро и дека ја боли желудникот….Сите ние кога ќе не заболи глава или имаме температура, посегнуваме по кафетин, комбиниран прашок, фервекс….Но, иако се работи за одлични лекови за ублажување на разно – разни тегоби, ако се претера со нив, може да ве доведат до фатален резултат. Токму тоа му се случи на ова младо девојче.
Седумнаесет годишната Џорџија Литлвуд од Велика Британија еден ден на нејзините им се пожалила дека не се чувствува добро и дека ја боли желудникот. За време на викендот помагала во фризерскиот салон, но поради болката во стомакот се вратила в кревет. Се напила лек на база на парацетамол (ацетаминофен), но 3 пати поголема доза од дозволеното. Тоа бил најпогрешниот потег кој можела да го направи.
Цела вечер повраќала, па утрото отишла во болница. Им кажала на лекарите што пиела, но за жал состојбата и се влошила, нејзиниот црн дроб почнал да откажува. Лекарите итно ја подготвиле за трансплантација, но било предоцна. Отокот на црниот дроб бил преголем и Џорџија починала.
– Пред заминувањето во болница нешто мумлаше и не знаеше која сум.. Веднаш знаев дека нешто не е во ред. Џорџија беше весела и среќна девојка, која правеше планови за летување. Не размислуваше за тоа дека може да се предозира со парацетамол – раскажува нејзината мајка за Дејли Мејл.
Семејството на оваа девојка предупредува дека лековите на база на ацетаминофен можат да се купат без рецепт, не само во аптеките туку и во поедини маркети. Луѓето редовно ги пијат, не свесни за опасноста од нив. Тие сметаат дека предупредување треба да стои со огромни букви на нивната кутија.
Препорачаната дневна доза на парацетамол е околу 60мг по килограм телесна тежина на ден, но експертите велат дека дури и препорачаната доза може да биде кобна. До душа во многу ретки случаи, а ризикот е поголем кај луѓето кои пекумерно консумираат алкохол.
Најчеста причина за акутен застој на црниот дроб во западните земји е токму труењето со парацетамол. Поради тоа и е најголем причинител за предозирање со овој лек во Америка, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд.
Ова се само некои од лековите на нашиот пазар кои содржат парацетамол: Кафетин, Фервекс, Фебрицет, Ефералган…Кога ги користите навистина внимателно прочитајте го упатството и се ќе биде во ред. Сите ние кога ќе не заболи глава или имаме температура, посегнуваме по кафетин, комбиниран прашок, фервекс….Но, иако се работи за одлични лекови



