Кога околниот лед се топи, оваа жаба како да е излезена од замрзнувачот, и е спремна да го продолжи животот како воопшто да не била во заледен зимски сон.Водоземецот со неверојатни способности живее на територијата на американската држава Алабама на југот, па се до ледените територии на Аљаска во крајниот северен дел на Канада. Се работи за жабата Lithobates sylvaticus, отпорно суштество чии особини не престануваат да ги вчудоневидуваат и лаиците, но и биолозите.
Одговорот на прашањето како ова животно успева да преживее во толку сурови услови е едноставен: се замрзнува! Единствената жаба која живее на северот на Арктичкиот дел во смрзната состојба може да помине до седум месеци, наведуваат експертите.
Кога околниот лед ќе се стопи, неверојатната жаба, која како да е извадена од замрзнувачот, е спремна да продолжи со својот живот, како воопшто да не била во леден зимски сон.
-На некој начин тие се мртви. Поединечно, клетките и натаму функционираат, но без меѓусебна комуникација – објаснува Дон Ларсон, апсолвент на Универзитетот на Аљаска, кој се занимава со проучување на жабите.
Ларсон е еден од неколкуте истражувачи кои ги објавиле своите резултати во Списанието за експериментална биологија, и кои дошле до заклучокот дека жабите во текот на зимата произведуваат доста гликоза, која ги одржува нивните клетки во живот.
Истражувачите исто така откриле дека жабите не замрзнуваат наеднаш и остануваат замрзнати. Една до две недели мрзнат ноќе, но се одмрзнуваат во текот на денот, се додека температурата не падне толку ниско, и тие веќе не можат да се одмрзнат.
Ларсон е убеден дека наизменичното замрзнување и одмрзнување им помага на жабите да претворат повеќе од гликогенот кој се наоѓа во црниот дроб во гликоза. Ова е клучно, бидејќи високото ниво на гликозата во клетките на жабата го одржува овој водоземец во живот за време на долгата и ладна зима.
Основна фукнкција на гликозата е да ја задржи водата во клетките. Замрзнатините кај луѓето настануваат кога течностите концентрирани околу клетките и ткивото преминуваат во лед, што и додатно ја извлекува водата од клетките. На крајот клетките остануваат целосно дехидрирани и умираат. Но, кога клетките се исполнети со слатката течност, овие жаби спречуваат водата да ги напушти клетките.Водоземецот со неверојатни способности живее на територијата на американската држава Алабама на југот, па се до ледените територии на Аљаска во кра



