Следната загатка е извадена од учебник по англиски јазик.Ова се прашањата:
1. Колку туристи има во кампот? 2. Дали стигнале денес или пред некој ден? 3. Како стигнале до кампот? 4. Колку е оддалечено најблиското село? 5. Од каде дува ветерот: од север или од југ? 6. Кој период од денот е? 7. Каде отишол Алекс? 8. Кој бил дежурен вчера? 9. Кој ден е?
Одговорите прочитајте ги на следната страница…
1. Четири. Припремени се четири лажици и четири чинии, а на листата со дежурства има 4 имиња. 2. Стигнале пред некое време. Пајакот во тој период направил мрежа меѓу шаторот и блиското дрво. 3. До кампот стигнале со чамец или кајак. На стеблото се потпрени весла. 4. Многу близу. Во кампот се движи кокошка и според тоа населеното место е близу. 5. Ветерот дува од југ. Знамето што го покажува правецот на ветерот е на врвот на шаторот. Како се знае дека е југ? Погледнете ги дрвјата: гранките на јужната страна се секогаш подолги. 6. Утро. Кога се знае одговорот на претходното прашање, се знае и каде е исток и запад и тоа се одредува по сонцето. 7. Алекс лови пеперутки. Ако подобро погледнете, мрежата за пеперутки се гледа од шаторот. 8. Колин бил дежурен. Тој бара нешто во торбата (на неа стои буква “C”). Алекс лови пеперутки, Џејмс фотографира (на неговата торба стои буквата “J”. Тоа значи дека денес Петар е дежурен, а кога ќе го погледнете списокот со дежурства, ќе сфатите дека Колин бил дежурен вчера. 9. Денот е осми. Датумот се знае затоа што Петар е на должност, а месецот се знае по лубеницата во чинијата (лубениците зреат во август).Ова се прашањата:
1. Колку туристи има во кампот? 2. Дали стигнале денес или пред некој ден? 3. Како стигнале до кампот?