ОВАА ЖЕНА Е ГЕНИЈ: Продала картон за јајца. Но, ќе се изненадите како што!

Можеби звучи неверојатно, но картон за јајца во улога на кулер за лаптоп имаше дури 32 понуди и дотурка до цена од 1.010 динари (9 евра). Вистински кулер за лаптоп со разладувач, може да се купи и во продавниците за техника и за помалку пари.На аукцискиот сајт Limundo, вчера беше завршена лицитација за „колекционерски примерок“ на необичен кулер, а продавачот успеа да добие 1.010 динари за него. Анонимниот корисник успеа да продаде картон за јајца со тврдење дека е подеднакво функционален и како кулер.
Продавачот, кој се потпишува како Goldie7, вели дека овој картон за јајца е ефикасен исто како „светлечките, бучни, но и сите кулери кои можат да се најдат на пазарот“.
Овој креативен кулер дури има и име „ЈЕЛЕНО“, а продавачот понуди и објаснување:
Ј (на српски „јефтин“) поевтин нема.
Е колошки – нема, ама баш никакво штетно зрачење.
Л есен, ќе уживате во леснотијата на користење. Било да седите во фотелја, лежите во кревет или на било кое друго место.
Е кономичен, не бара никаква енергија, ниту зазема УСБ приклучок од вашиот лаптоп.
Н ема на него нешто што би можело да се расипе (единствено ако не го полеете со течност), а и да се расипе, лесно е да се најде друг.
Одговара за сите големини на монитори, од 9 до 19.
Меѓутоа, можеби добриот маркетинг ги натера луѓето да лицитираат, бидејќи итриот продавач објасни дека и самиот употребува вакво помагало за разладување.
-Сите опишани предности на овој кулер се наведени како резултат на долгогодишно искуство во користењето. Одлучив да се откажам од овој прв, колекционерски примерок во корист на победникот на лицитацијата, стои во описот.
На аукцискиот сајт Limundo, вчера беше завршена лицитација за „колекционерски примерок“ на необичен кулер, а продавачот успеа да добие

Пронајдете не на следниве мрежи: