„Секогаш бев ситна за моите години и луѓето мислеа дека сум барем три, четири години помлада. Иако секогаш бев поинаква, на крајот на основно училиште почнав за се вознемирувам поради тоа и сакав да откријам зошто сум толку ниска. Тестовите кои ги правев не ја открија причината“, вели жената поинаква од сите останати.Во средно училиште ги гледала девојчињата како стануваат жени, една по друга, а таа и понатаму била дете.
„Сите ме исмеваа на училиште. Направив и други тестови и на крајот ми ја утврдија дијагнозата.
Резултатите покажаа дека боледувам од редок и малку познат синдром кој се нарекува „Свајеров синдром“. Сум била родена со машки хормони“, додава таа.
Како резултат на тоа, нејзиното тело не произведува многу естроген, без кој нема женски пубертет.
„Моте јајници не се развле комплетно и не можам да бидам плодна. Имаше и голем ризик од рак, па мораа да ми ги отстранат јајниците.
Бев исплашена и ми беше тешко да зборувам за тоа со семејството и пријателите. Но сознанието дека нема да можам да имам деца не влијаеше толку на мене тогаш. На 15 години, бев повеќе загрижена за вклопување во друштвото. И понатаму бев висока помалку од 150см“.
Морала да зема хормони секој ден и тоа го разбудило нејзиниот пубертет.
„Кога конечно се случи, почувствував големо олеснување. Моите пријатели не заеа како да се носат со мојата состојба. Нивните реакции беа мешавина на чудење, симпатии и неудобност. По години неприфаќање на училиште, пронајдов начин како да се видам себеси, иако се променив психички“, открива таа.
Тоа се случило кога тргнала на колеџ
„Никогаш претходно не сум имала момче, но влегов во врска на почетокот на прва година на факултет. Во втора година ја променив цела гардероба, конечно најдов самодоверба и женственост. Низ моите тинејџерски денови, моите пријатели станаа невидливи, никогаш не сум знаела дека ќе бидам сексуално привлечна“.
Во 20-те го имала првото сексуално искуство. Подоцна тој раскинал со нејзе, и рекол дека поради тоа што не може да има деца.
„Не мислам дека сум тотално исклучена од светот иако имам 40 години. Се обидувам да се поврзам со луѓето кои во потполност сакаат да се поврзат со мене. Сите мои пријатели имаат деца, што ги доведува во прашање моите односи со нив“, продолжува таа.
Со 40 години дијагностицирана и е остеопороза, предизвикана од недостаток на естроген во тинејџерските години. Тоа бил уште еден удар, но третманот во доцната адолесценција и донел облини и женска фигура.
„Свајеровиот синдром е многу редок и погодува еден во 30.000 луѓе. Се уште не сум запознала личност која ја има истата состојба како и јас. И понатаму се трудам да се носам со тоа“, порачала.Во средно училиште ги гледала девојчињата како стануваат жени, една по друга, а таа и понатаму била дете.
„Сите ме исмеваа на училишт



