Оваа жена преживеала вистински пекол: Од 6 години му била сопруга на својот татко

Џуди Ван Никерк (46) од Лондон  била жртва на  најстрашно злоупотребување. Нејзиниот татко кон неа се однесувал како кон своја жена, ја држел затворена во куќата, сексуално ја злоупотребувал и ја изложувал на неверојатна тортура. Тој во 2000 година бил осуден на 15 години затвор, починал во 2004 година, а сега Џуди ги изнесува стравичните детали  од своето детство.Нејзината мајка го напуштила семејството кога Џуди имала 6 години и тогаш нејзиниот татко Ноа Волш почнал да ја злоупотребува. На Џуди  ѝ ја доделил улогата на сопруга, готвела и чистела, а секогаш кога ќе го налутела таткото, добивала ќотек. Се случувало да ѝ скрши коска, а еднаш дури и пукал во нејзе.
Ја малтретираше мојата мајка, ја нарекуваше бескорисна, мрзлива и ја тепаше“, рекла Џуди.
Нејзината мајка се вратила  по првото заминување, но по 10-иот роденден на својата ќерка заминала засекогаш. Џуди била петто дете во семејството, се грижела за сите членови, секој ден подготвувала појадок и ја перела сета нивна облека
„Требаше да одам на училиште, но не ми дозволуваше, ми велеше дека имам доволно работа дома.
Кога Џуди наполнила 11 години, нејзиниот татко одлучил да го подели креветот со нејзе.
„Бев дете  кога почна сексуално да ме злоупотребува. Беше премногу болно, се чувствував изгубено и безвредно“, рекла таа.
Кога Џуди наполнила 13 години, тој добил полно старателство над нејзе. Вели дека никој не знаел што таа доживува.
Џуди често не умеела да ги исполни „критериумите“ на својот татко, велел дека не ја заслужува неговата љубов. Кога имала 14 години, пукал во нејзе, а во болница рекол дека самата се повредила.

Џуди често се селела со семејството, ги менувале домовите за никој да не сфати дека во нивниот дом нешто чудно се случува.
Оваа жена неколку пати  забременила со својот татко, а аботрусите ги извршувал со закачалка.
Кога имала 20 години, Џуди побегнала од дома, успеала да дојде до Јужна Африка каде го запознала сегашниот сопруг Тини ван Никерк, кој ѝ помогнал да сфати дека таа не е виновна за насилството кое го трпела со години.

Нејзиниот татко бил уапсен пред 15 години.
„На суд нашиот однос го опиша како посебен. Рече: Живеевме како маж и жена, кога мојата ќерка замина, мојот свет се распадна“, рекла Џуди.
Тој четири години по апсењето починал од рак. Џуди го посетила пред смртта, рекла дека и порачал дека не сфаќа поради што го пријавила во полиција. Таа успеала да му прости и да му каже дека го сака. Кога го видела во затворот не  можела да го осудува.
Судот од друга страна го оценил неговиот злочин како најстрашен со кој се соочил во својата работаНејзината мајка го напуштила семејството кога Џуди имала 6 години и тогаш нејзиниот татко Ноа Волш почнал да ја злоупотребува. На Џуди  ѝ ја д

Пронајдете не на следниве мрежи: