Кога Одри Коп од Кентаки забележала црвенило на зглобот на раката, прво помислила дека се работи за каснување од пајак и дека не е ништо страшно. Но, не можела ни да сонува дека неколку дена подоцна ќе се најде на работ од животот- и сето тоа поради една грешка која милиони жени ја прават секојдневно.Излегувајќи од дома, Одри на брзина ставила ластик за коса околу зглобот на раката, како што повеќето жени инаку прават. Еинствен проблем во тоа било што нејзиниот ластик бил украсен со светки- што на прв поглед не делува голем проблем .
Ластикот прво направил мала гребаница, а потоа на тоа место се појавило црвенило. Отишла на доктор. Кој ја посоветувал да земе антибиотици и рекол дека веројатно не е во прашање ништо сериозно.
Кога утредента се разбудила со отворена дупка на раката, сфатила дека сепак се работи за нешто посериозно. Отишла кај друг доктор, кој ѝ објаснил дека буквално за неколку часа избегнала сепса.
Инфекцијата веќе зафатила добар дел од раката и дошла до коската, па Одри завршила на сериозна операција. Сега е добро, но сака да ги предупреди другите девојки да не носат ластик за коса околу раката- посебно не доколку таа содржи некои светки.
Докторите советуваат дека ластиците треба редовно да се перат и да не се оставаат на рака подолг период, бидејќи на тој начин низ мала гребаница во крвотокот можат да влезат разни бактерии.
„Сакам да ги предупредам луѓето за ова да не им се случи на другите“, напишала Одри на својот Фејсбук, покрај фотографија од ужасние последици.
Излегувајќи од дома, Одри на брзина ставила ластик за коса околу зглобот на раката, како што повеќето жени инаку прават. Еинствен пробл



