Оваа жена за прв пат по цели 38 години излегла од својата куќа!

Алиса Хоџиќ (38), благодарејќи на добрите луѓе за прв пат се прошетала низ улиците на Маглај, испила кафе во познато кафуле, го посетила стариот град, елитните ресторани… Таа цело време била насмеана и среќна како никогаш порано. Среќна била и нејзината мајка Расема, која заедно со другите членови од семејството сочувствувале со нејзината болка и учествувале во олеснувањето на нејзиниот живот.Алиса е неподвижна уште од својата трета година. Таа има церебрална парализа и единствено може да ја движи само десната рака. Поради проблемите со хипофизата, таа заостанува со растењето и изгледа како девојче од 18 години. Дури и нејзиното зборување е отежнато.
Таа живее сама со нејзината мајка, бидејќи го изгубила татко ѝ кога имала само шест години. Нивната судбина е сурова и срцепарателна. Алиса храбро го поднесувала фактот што поради неприлагодениот влез во нивната куќа и патот кој води кон градот, не можела да ја користи својата инвалидска количка. Никогаш не се прошетала низ улиците на Маглај. Годините ги поминала седејќи на балконот од куќата, гледајќи ги другите како поминуваат и заминуваат.
Меѓутоа, благодарејќи на добрите луѓе, во нејзиниот живот влезе еден зрак светлина на надеж, среќа и радост. Имено, нејзината сограѓанка Амира Мусаефендиќ, во име на Алиса побарала помош во Фејсбук групата „Help Overstroomde Bosnie en Hercegovana“ („Помогни ѝ на поплавената Босна и Херцеговина“) од Холандија, која ја води Наида Рибиќ.

Амира пратила едно потресно писмо за судбината на Алиса и ги замолила луѓето да се направи мал мост кој би ги споил балконот и патот, со цел да ѝ се овозможи на количката да „влезе“ во нормалниот живот. Наида одговорила и акцијата почнала да оди по својот тек…
Како „круна“ на нејзиниот нов живот, се појавил и пејачот Халид Бешлиќ, кој Алиса многу го сака. Нивната средба беше трогателна.
„Алиса сега се буди со насмевка на усните. Ни се чини како да сме се разбудиле од еден лош сон. Ѝ благодарам на Амира што го прати писмото и побара помош, им благодарам и на добрите луѓе кои ги собраа потребните средства и изградија мал мост и секако благодарност до Наида Рибиќ за покренатата ација, снимањето на филмот и за сето она што го направи за нас“, низ солзи зборува нејзината мајка.
Инаку, филмот ќе се вика „Излегувањето на Алиса во светот“, а монтажата за него ќе се прави во Холандија.
Алиса е неподвижна уште од својата трета година. Таа има церебрална парализа и единствено може да ја движи само десната рака. Поради проблемите со

Пронајдете не на следниве мрежи: