Moжеби нејзината коса не е руса, но поради должината и убавината сигурно го заслужува прекарот „Златокоса“.Милена Милојевиќ (40) од Белград има коса на која можат да и позавидат сите припаднички на понежниот пол. Нејзината богата темна коса паѓа преку целиот грб и не покажува знаци на оштетување или кршење.
Како е можно тоа? Милена ни ја открива својата тајна!
– Ја мијам косата на секои 2 недели, не почесто – истакнува таа.
На поголемиот број од жените тоа би им било чудно, со оглед на тоа дека некои од нас косата ја мијат секој ден. Но, доволен е еден поглед на косата на Милена за да го прифатите нејзиниот совет.
Можеби некој би помислил дека тајната на толку долга коса се скапоцени препарати, но Милена тврди дека во прашање е сепак друг трик.
– Редовно ги менувам препаратите. Мислам дека косата се заситува и потребна и е промена. Поради тоа секогаш испробувам нешто ново и не се држам до само еден препарат – објаснува таа.
Различни рецепти од домашната работилница може исто така да бидат од голема помош ако сакате долга и здрава коса.
– Маслиново масло и жолчки се одлична комбинација, тоа на секој би му го препорачала – искрено кажува Милена.
Доколку и вие сакате убава, здрава и долга коса, послушајте ги советите на Милена и сигурно наскоро ќе може да се пофалите со одлични резултати. Милена Милојевиќ (40) од Белград има коса на која можат да и позавидат сите припаднички на понежниот пол. Нејзината богата темна коса паѓа преку це



