Овде сите сакаат да се сликаат, но не знаат колку е опасно

Карпата „Свадбена торта“ се наоѓа во склоп  на  еден национален парк во Австралија и  е многу популарна меѓу Инстаграм фанатиците.Сепак експертите предупредуваат  дека туристите треба да избегнуваат да се сликаат тука, бидејќи во секој момент би можела да пукне и да се сруши.
 Овој национален парк  од пред некое време е затворен  за јавноста, бидејќи се во тек испитувања  на овој тeрен  и неговата опасност по живот. Во последно време, оваа карпа ја посетиле илјадници професионални фотографи  каде моделите дури изведувале  и опасни  перформанси  поради добра фотографија.

Наводно, главниот дел од карпата се повеќе и повеќе се крши во океанот, а самата карпа многу слабо се држи  за основата.
„Она што не загрижува се деловите карпа кои малку по малку се кршат и кои се гледаат на дното“, велат од националниот парк.

 
Како што наведуваат од паркот, она што исто така е алармантно е бројот на луѓе кои  во секој момент  се наоѓаат на оваа карпа, поготово што стоеле  многу блиску до  незаградениот раб.
„Ова е навистина убава локација и ние и понатаму сакаме луѓето да бидат во можност а го посетуваат овој локалитет, но да бидат безбедни“, тврдат од националниот парк.

Оваа карпа  го добила името  поради својата  голема сличност до површина на свадбена торта, а белата боја потекнува од железото од камен песочник, кое тече и го остава чисто бел. Токму ова допринело за слабеење на карпата.

„Планирано е обезбедување на овој локалитет, но никако не сакаме да го затвориме за јавноста. Само сакаме да ги обезбедиме посетителите“, порачуваат од овој национален парк.Сепак експертите предупредуваат  дека туристите треба да избегнуваат да се сликаат тука, бидејќи во секој момент би можела да пукне и да се ср

Пронајдете не на следниве мрежи: