Овенот е директен, Јарецот најзатворен: Ова се знаци кои покажуваат дека му се допаѓате

Овенот не ги крие своите намери
Овните директно ќе ви пристапат. Па доколку сте заинтересирани за некој Овен веднаш ќе знаете дали му се допаѓате или не. Освен со зборови ќе ви покажат и со дела. Но доколку во ваше друштво се однесува како да му одите на нерви тогаш навистина е така.
Бикот угодува
Припадниците на овој знак се традиционални кај нив се се одвива полека и сигурно. Доколку ви поставува лични прашања сака подобро да ве запознае и тоа е знак дека му се допаѓате.
Близнаците се откриваат индиректно
По природа се активни и големи заводници, тие освојуваат без ред и намера. Сепак, постојат знаци кои може да ги забележите. Доколку со вас зборуваат за сериозни теми или пак споделуваат приватни работи со вас тоа е знак дека им се допаѓате.

 
Ракот станува нежен
Првиот знак е нивното внимателно однесување. Нежни допири, убави зборови…. Кон својата симпатија се однесуваат заштитнички. Но доколку ве запознаат со семејството сигурно им се допаѓате.
Лавот ќе ви дозволи да бидете во центарот на вниманието
Сакаат драма и големи љубовни соништа. Ако им се допаѓате ќе ви дозволат да бидете во центарот на вниманието. Ако пак понекогаш ладно се однесуваат знајте дека само ги проверуваат вашите намери.
Девицата полека го спушта штитот
Никогаш јавно не ја објавуваат својата симпатија, туку тоа го држат во тајност. Дури откако ќе видат дека другата страна е заинтересирана се опуштаат и им даваат до знаење дека се заљубени.

 
Вагата не го прави првиот чекор
Им треба повеќе време за да откријат кој им се допаѓа. Сакаат да ги заведувате, а доколку не им се допаѓате ќе ви дадат до знаење.
Шкорпијата не ја крие заинтересираноста
Заводнички поглед, двосмислени реченици, предизвикување и слични игри се очигледни знаци дека им се допаѓате. Но, поголемите симпатиите ќе ги покажат откако ќе бидат сигурни дека се подготвени да се жртвуваат за вас.
Стрелецот ќе ве запознае со пријателите
Тие својата симпатија ја тестираат во друштвото. Слободното време им е многу важно па доколку навистина им значите ќе остават време за вас.

 
Јарецот глуми рамнодушност
Нив е тешко да ги прочитате. Не се заљубуваат лесно. Еден ден ќе бидат топли и емотивни а другиот ден ќе се прават недостижни. Но, не се откажувајте нема да го трошат нивното време доколку не им се допаѓате.
Водолиите својата наклонетост ја откриваат на оргинален начин
Тешко е да откриете дали навистина им се допаѓате или сте им само минлива авантура. Сепак, сигурен знак дека им се допаѓате е кога ќе започне со вас да зборува за заеднички дом и семејство.
Рибите се романтични
Лесно ќе ги прочитате, обожаваат слатки пораки и романтични разговори. Ако вие не го направите првиот чекор тогаш тие сигурно ќе го направат. Не ги кријат своите емоции и ќе ви дадат до знаење дека им се допаѓате.Овенот не ги крие своите намери
Овните директно ќе ви пристапат. Па доколку сте заинтересирани за некој Овен веднаш ќе знаОвенот е директен, Јарецот најзатворен: Ова се знаци кои покажуваат дека му се допаѓате.

Пронајдете не на следниве мрежи: