Сите денес се бориме со модерниот начин на живот и преголемите очекувања од нас на работното место и други полиња. Затоа, рзгледајте ги овие апликации за вашиот мобилен телефон кои може да помогнат во олеснување на вашето секојдневно функционирање.1. Cozi Family Organizer
Оваа апликација ќе ви помогне лесно да ги организирате вашите дневни обврски и слободни активности без страв нешто да не пропуштите, или пак да купите леб или млеко два пати во денот.
2. Orange Diary Pro
Еден вид календарски дневник во кој можете да зачувувате фотографии, гласовни снимки и важни настани од животот. Може да се синхронизира со Google Drive за да сте сигурни дека никогаш нема да ги загубите спомените.
3. Evernote
Идеална апликација доколку фаќате белешки од ваши идеи, или пак сте на конференција со колегите и измислувате нов производ од вашата компанија.
4. Goodreads
Идеална апликација за љубителите на книги и читање. Ви нуди нови наслови, а содржи и ревизии на вашите пријатели за книгите кои тие ги прочитале и сега ви ги препорачуваат преку оваа апликација.
5. HelloWallet
Одличен начин за организирање на буџетот и тоа колку трошите и на што. На пример, лимитирајте се на буџет од 500 денари за превоз до и од работа и апликацијата ќе се погрижи да не го надминете истиот.
6. Manilla
Апликација која ве потсетува кои сметки не ви с еплатени и уште колку време имате истите да ги платите.
7. Meditation Oasis
Доколку немате време да седнете и да се опуштите, оваа апликација ви помага да практикувате медитација во движење.
8. OKCupid
Апликација која ви помага да наоѓате партнери за љубовни состаноци во вашиот крај, но и од други места.
9. Quilby
Многу корисна апликација за родителите, каде меѓусебно може да си споделуваат совети околу воспитувањето и грижата за децата.
10. HIIT Interval Timer
Идеално за оние кои вежбаат. Преку оваа апликација можете да го испланирате времето за вежбање и тоа за пауза, со цел да не забошотувате и да направите се во потребната мера.
11. White Noise Lite
Одлична апликација за оние кои живеат со цимери и тешко заспиваат поради бучавата. Апликацијата создава пријатни звуци од природа или индустриј. Слушајте морски бранови или летен дожд и заспијте мирно.1. Cozi Family Organizer
Пронајдете не на следниве мрежи: