Овие 30 факти се заеднички за сите балкански народи, и дефинитивно ќе се пронајдете во најмалку 10 од нив!

Балканците, делат многу заеднички навики, детали, карактеристики, по кои се препознаваат и се разликуваат од другите култури и народи. Овие факти ги согледувате и доаѓаат до израз само кога ќе излезете надвор од овие балкански граници.Од овие 30 факти вие и вашите пријатели од странство сигурно ќе знаете дека сте од Балканот.
1. Собата ја делиш со брат или сестра до твојата 27.
 2. Сè што јадеш во содржината мора да има лук/кромид.
 3. На аеродромот секогаш имаш најголеми куфери.
 4. Секогаш доцниш по неколку часа на забава, и тоа е нормално.
 5. Сите деца имаат прекари кои немаат никаква врска со нивните имиња.
 6. Кога си заминуваш од кај пријателите најмалку еден час стоите и зборувате на влезната врата.
 7. Мајка ти постојано ти вели дека си преслаб, иако е очигледно дека имаш прекумерна тежина.
 8. Кога живеете во странство и имате еден куп лекови од својата татковина, а повеќето од нив веројатно се незаконски во земјата во која сега живеете.
 9. Вие и вашето друштво барем уште еднаш исфрлени од ресторан затоа што сте зборувале премногу гласно.
 10. Не знаеш како и зошто имате машина за миење садови – затоа што тие секогаш се мијат рачно.

 11. На масата во кујната стои хеклана покривка.
 12. Пластичните кеси од продавница, дома ги користите за собирање на ѓубрето.
 13. Упорно играте на столици по свадби, иако не е дозволено.
 14. Кога готвиш не користиш мерник.
 15. Ако не живееш со родителите, тие секој ден ти се јавуваат да проверат дали сте јаделе.
 16. Постарите членови на семејството се уште не разбрале дека телефонија се има развиено, и продолжуваат да викаат во телефонот, кога зборуваат со некој од странство.
 17. Нормално е на свадбата да дојдат 600 луѓе.
 18. Вашата 15-годишна сестра може да испие повеќе од било кој Американец.
 19. Возите подобар автомобил од вашите родители.
 20. Татко ти во џеб носи доволно пари за да купи цела куќа.

 21. Во кујната ги имате сите современи апарати, но мајка ти готви во подрумот на еден стар шпорет.
 22. Вашите родители отишле сами на одмор еднаш, и тоа во својата татковина.
 23. Целиот твој живот го анализираш на основа на гледање на кафе.
 24. Вашите родители се уште преферираат да купуваат касети, отколку ЦД-а, иако и двете се веќе минато.
 25. Твојата баба, која го зборува само мајчиниот јазик, секој пат те погледнува чудно, кога ќе кажеш “пица”.
 26. Твоите родители те викаат „сине“ иако си од женски род.
 27. Кога патуваш носиш домашна ракија во шишиња од сок, која е добро скриена под еден куп облека во куферот.
 28. Во презимето имаш 17 согласки и две самогласки.
 29. Бабати целиот твој живот ти повторува дека „промајата убива“.
 30.За повеќето од фактиве на оваа листа климаш со главата и се смееш.
Од овие 30 факти вие и вашите пријатели од странство сигурно ќе знаете дека сте од Балканот.
1.

Пронајдете не на следниве мрежи: