Овие 5 намирници ги согоруваат калориите и го забрзуваат метаболизмот

Тажна вистина е дека не постои ниту една намирница која ќе направи магично да исчезнат вишокот на килограми. Вежбањето во секој случај е неопходно, а резултатите треба да бидат постепени и природни. Но, добрата вест е дека сепак постојат некои намирници кои можат да ви помогнат на патот кон витката линија, затоа што тие го забрзуваат метаболизмот и помагаат за побрзо согорување на калориите.Зелен чај
Овој напиток е полн со антиоксиданти и има позитивно влијание на нашето здравје на повеќе начини, а помеѓу останатото, може и да го забрза метаболизмот, тврди нутриционистот Џеки Њугент, авторка на книгата “Со или без месо”.
Зелениот чај содржи билни соединенија наречени катехини, а бројни студии покажуваат дека овие соединенија навистина помагаат во процесот на слабеење, но и кофеинот од овој чај исто така игра значајна улога во губењето на килограмите бидејќи делува како стимуланс.
Овес
Покрај тоа што го намалува нивото на “лошиот” холестерол и ја подобрува состојбата на кардиоваскуларните органи, овесот содржи јаглени хидрати кои често се доведуваат во врска со слабеењето.
Резистентниот скроб се именува така токму поради фактот дека тој не може да се разгради во тенкото црево, а бројни студии покажуваат дека тоа може да го продолжи чувството на ситост.

 

Јајца
Јајцата се најдобар појадок, а со оглед на тоа дека изобилуваат со добри протеини, се смета дека се одлична намирница за сите кои се борат со вишокот на килограми. Една студија покажа дека консумирањето на јајца за појадок може да го забрза процесот на слабеење за 65 отсто.
Редовниот појадок, особено ако изобилува со протеини, може да го забрза метаболизмот во текот на целиот ден и тоа за цели 10 отсто.
Киноа
Ако сакате да се ослободите од вишокот на килограми, би требало да консумирате повеќе намирници кои се богати со влакна, кои подолго се варат и даваат подолготрајно чувство на ситост. Киноата спаѓа токму во таквите намирници, бидејќи во една шолја од оваа супернамирница се наоѓаат дури 12 грама влакна, а тоа е речиси двојно повеќе отколку кај другите житарки.
Банани
Нажалост, бананите имаат лоша репутација, но без причина. За почеток, една поголема банана има речиси 500 милиграма драгоцен калиум. Калиумот влијае позитивно на размената на течности на ќелијско ниво, па со самото тоа може да го забрза базниот метаболизам. Бананите исто така содржат резистентен скроб кој не само што одржува подолго чувство на ситост, туку може да помогне и во регулирање на шеќерот во крвта после оброкот.Зелен чај
Овој напиток е полн со антиоксиданти и има позитивно влијание на нашето здравје на повеќе начини, а помеѓу остан

Пронајдете не на следниве мрежи: