Овие 5 работи ги правите секојдневно, а ви го уништуваат ВИДОТ

Дали знаевте дека некои секојдневни навики кои ги правиме рутински можат да ги загрозат нашите очи? Ако сакате да ги зачувате видот и очите здрави, избегнувајте ги следниве работи.1. Гледање филмови на лаптоп или таблет
Иако е практично и забавно, гледањето филмови, серии или долго читање од лаптоп или таблет е многу штетно за вашиот вид.Близината на екранот, кој е само 20 или 30 сантиментри оддалечен од вашето лице значително ги заморува и напрегнува очите, па поради тоа можат да се јават главоболки.
Ако веќе го правите тоа, правете паузи од по пет минути и гледајте во далечина.
2. Излегување на сонце без очила за сонце
Покрај тоа што ѝ штети на вашата кожа, УВ зрачењето е многу опасно и за вашите очи и може да предизвика разни болести. За време на доцните пролетни и летни месеци, кога УВ зрачењето е најсилно не заборавајте да носите очила за сонце што имаат соодветна заштита.Очилата носете ги за време на цело лето, дури и ако времето е полуоблачно.
3. Читање за време на возење
Долгото возење може да биде прилично здодевно, но место читање пронајдете некоја друга занимација за очите. Имено, за време на читањето додека се возите, вашите очи се константно во движење и се трудат да фатат фокус.
Со оглед на тоа што вашите раце поради возењето цело време се мрдаат, окото значително се заморува и се оптоварува двојно повеќе отколку при обично читање, па поради тоа може да почувствувате главоболка и заматен поглед.

 
4. Премалку трепкање пред компјутерот
Колку пати ви се случило за време на користење на интернетот, читање, играње игри или пишување на компјутер сте се загледале во екранот и едноставно сте заборавиле да трепнете?
Премалку трепкање го суши окото и создава иритација како пецкање и чешање на окото. Ако после користење на компјутерот често ги чувствувате споменатите симптоми, набавете си вештачки солзи –капки кои го штитат и навлажнуваат окото.
5. Премалку сон
Познато е дека премалку сон може да предизвика и темни отечени кругови под очите, но оваа многу лоша навика им штети и на вашите очи. За време на ноќта тие се одмараат и регенерираат.
Прекраткиот сон на тој начин не му дозволува на окото да се „одмори“ и може да предизвика сувост на окото и пукање на капилари во него.1. Гледање филмови на лаптоп или таблет
Иако е практично и забавно, гледањето филмови, серии или долго читање од лаптоп ил

Пронајдете не на следниве мрежи: