Иако финската компанија понудила многу добри работи кога станува збор за мобилните телефони пред Гугл , тоа сепак не и помогнало да остане на врвот на кој се наоѓала до 2010 година. Иако Гугл и Нокиа се две потполно различни компании, постојат неколку различни работи кои овие два гиганти имаат нешт заедничко. Во своите денови на слава, Нокиа постигнала нешто што интернетот гигант го успеал неколку години покасно.
Меѓутоа за разлика од финската компанија, Гугл тие работи очигледно ги направил многу подобро што го довело и го довело до тоа да биде една од најсилните компании на светот. Петте работи кои следат во продолжение се она што овие два гиганти го имаат како заедничко.
Нокиа некогаш била сопственик на најпопуларниот оперативен систем за смартфон
Оперативниот систем Symbian се појавил на крајот на деведесеттите години. Настанал како резултат на соработката измеѓу Нокиа , Мotorola, Ericsson и Psion. Нокиа овој OS во потполност го присвоила 2008 година а после тоа го создала Symbian Foundation што и овозможило оваа платформа да стане open-source(достапна за сите).
Во својата златна доба, Symbian имал повеќе од 50 отсто од телефоните на пазарот. Нокиа успеала само две години да го задржи Symbian на местото на најпопуларен OS за паметни телефони бидејќи Андроид веќе во 2010 година го престигнал и засекогаш го завршил неговото владеење. Развиањето на Symbian престанало во 2012 година.
Нокиа нудела навигација за паметни телефони пред Гугл
Гугл лансирал бесплатна Маps Navigation апликација за андроид во ноември 2009 година, најпрвин во Америка а потоа таа станала достапна и во другите реиони низ светот.
Нокиа својата навигација на својот Symbian уредите под името Ovi Maps ја нудела од 2007 до 2011 година. Во текот на тој период Финците купиле неколку компании, како што е NAVTEQ на пример за која платиле 8.1 милијарди долари. Нокиа мапите сеуште постојат , само тие се наоѓаат во рацете на одвоениот дел на компанијата под името HERE. Од неодамна HERE мапите се достапни и за корисниците на Андроид.
Нокиа имала мобилна гејминг платформа
Гугл лансирал Play Games сервис во 2013 година а пет години пред тоа Нокиа го преставила N-Gage, сопствена мобилна гејминг платформа за одредени Symbian S60 уреди. Платформата е објавена во 2008 година а дебитирала на уредот Нокиа N81. Покрај тоа што на корисниците им овозможувала да симнат игри, Нокиа N-Gage имал и социјални елементи како што се листа на пријатели и табели со резултати.
Нокиа има мобилен интернет пребарувач уште од 2005 година
Интернет пребарувачот на Nokia Symbian S60 уредите се базирани на WebKit. Овој пребарувач го имале и многу легендарни уреди како што се N95 или E71 на пример. Гугл исто така се потпирал и на Webkit кога го креирал својот Андроид интернет пребарувач кој се појавил на T-mobile G1 уредот на крајот на 2008 година.
Нокиа правела смартфони со помош на кои мислела дека „ќе го убие“ iPhone
Терминот на „убиецот на Ајфон“ бил популарен кога овој уред се појавил но денес никој не го користи повеќе. Нокиа претставила неколку паметни телефони за кои верувала дека ќе ја загрозат популарноста на Ајфон. На таа листа на уреди се нашле Нокиа 5800 XpressMusic, N97 и N8. Гугл исто така се обидел да „го убие“ Ајфон со уредите како што се Моtorola Drpid, Samsung, Galaxy S, Nexus One, HTC Desire но и доста други.Иако Гугл и Нокиа се две потполно различни компании, постојат неколку различни работи кои овие два гиганти имаат нешт заедничко. Во своите денови н