Врз основа на истражување кое беше спроведено на светско ниво, беа издвоени најпопуларните имиња во светот, без оглед на културолошките разлики и обичаите. Во истражувањето биле вклучени голем број земји од Европа, САД и Австралија.Ви донесуваме листа на интернационални женски имиња кои се на самиот врв на популарноста во скоро поголемиот дел од земјите во светот.
Миа
Ова едноставно и кратко име ги освои родителите ширум светот. Врвот на популарноста го достигна во далечната 1964 година, благодарение на актерката Миа Фароу.
Софија
Станува збор за старо име, кое на грчки јазик значи мудрост. Ова светски прифатено име е меѓу најпопуларите во светот.
Оливија
Оливија е име кое го популаризирал Шекспир за романтичната претстава „Дванаесеттата ноќ“. Ова име се поврзува со маслиновото гранче и претставува симбол на мирот.
Ема
Ова име го популаризирале холивудските актерки Ема Вотсон, Ема Стоун, Ема Роџерс, но станува збор за доста постаро германско име кое означува „потполност“.
Изабела
Ова име има најмногу прекари (Изи, Бела, Ели, Иса, …). Неговата едноставност го прави да биде популарно скоро во целиот свет.Ви донесуваме листа на интернационални женски имиња кои се на самиот врв на популарноста во скоро поголемиот дел од земјите во светот.



