Ако некогаш немате инспирација за секси порака, еве неколку идеи. Сите девојки коишто го пробале ова, имале фантастични резултати. Денес, кога имаме Фејсбук, Вајбер, Месенџер и останати апликации за допишување, пораките станаа дел од секојдневието, па со самото тоа се неизбежен дел и од љубовната комуникација.Сигурно веќе сте ја совладале уметноста на секси допишување, но овие седум пораки сигурно ќе ве воодушеват. Еве во кои ситуации треба да ги користите:
После првиот состанок пишете му: ,,Убаво си поминав вчера вечер. Ти благодарам уште еднаш.”
Зошто ова “пали”?Момчињата често знаат да бидат несигурни кога е во прашање женското мислење. Дури и да сте му дале до знаење дека навистина ви било убаво, направете го тоа уште еднаш со кратка и јасна порака која ќе му го разубави денот.
Пред вечерта наменета за секс испратете му го следното: “Се радувам за нашата средба.. од повеќе причини ;)”
Зошто ова “пали”?Игрите како оваа се едни од најдобрите делови за предигра. Испратете му суптилна, но секси слика, којашто ќе му ја распали фантазијата толку многу што нема да може да ја дочека вашата средба.
Доколку е спортист, после натпреварот испратете му го ова: ,,Жал ми е што изгубивте, но ти беше премногу секси на теренот.”
Зошто ова “пали”?Сите знаеме дека момчињата се преоптеретени со спортот, а особено со фудбалот. Исто така знаеме дека обожаваат нивната девојка да ги гледа додека играат. И да се случи да не се покаже добро на теренот, ваша работа е да му дадете до знаење дека многу го посакувате и дека во секое издание за вас ќе биде совршен.
Кога купувате секси долен веш пишете му: ,,Црни чипкасти или проѕирни црвени танги? Со какви да те расположам вечерва?”
Зошто ова “пали”?Вистина е дека момчињата најмногу ве сакаат голи, но нема ништо посекси од заведување во секси долен веш. Разбудете му ја фантазијата за да може возбуден да ве чека на средба!
Кога ќе излезете со другарките, пишете му го ова: ,,Вечерва излегувам со другарките, но утре подготвви се за луда забава во парови! Дали ти е јасно? :)”
Зошто ова “пали”?Излегувате со другарките, но му оставатe порака дека го посакувате само него. На овој начин е сигрен дека неговата девојка е само негова без оглед на тоа колку момчиња ќе сретне во клубот.
Кога ќе излезеш од бањата пиши му го ова: ,,Само што излегов од када. Дали сакаш да го исушиш моето голо и мокро тело?”
Зошто ова “пали”?Освен што оваа порака ќе му ја разбуди имагинацијата во истиот момент, тој веднаш ќе си ја замисли ситуацијата. Немој да се изненадите ако ви заѕвони на врата!
Во текот на денот или ноќта испратете му го ова: ,,Мислам на тебе.., и да бидам искрена, навистина валкано!:)”
Зошто ова “пали”?Секое момче сака да знае дека неговата сакана девојка го посакува како што и тој неа, па затоа пуштете ја фантазијата слободно, без срам и ограничување.
После првиот состанок пишете му: ,,Убаво си поминав вчера вечер. Ти благодарам уште еднаш.”
Зошто ова “пали”?